Врз основа на член 41 став 1 точка 14, а во врска со член 16 став 1 точка 6 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.04/05, 04/11, 04/15, 09/19, 02/20 и 11/21), Градоначалникот на Општина Богданци, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за пројавување на интерес за формирање на женски спортски клуб
на територијата на Општина Богданци
Согласно Програмата за финансирање на спортски активности во Општина Богданци за 2023 година („Службен гласник на Општина Богданци бр.16/22), Општина Богданци објавува јавен повик за пројавување на интерес за формирање на женски спортски клуб на територијата на општина Богданци.
Согласно точка 2 од Програмата за финансирање на спортски активности во Општина Богданци за 2023 година за поддршка за формирање на женски спортски клуб се предвидени средства во висина од 30.000 денари.
Субјекти кои можат да конкурираат се: спортските здруженија и други правни лица и физички лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Богданци и имаат интерес за формирање на женски спортски клуб или пак имаат формирано женски спортски клуб во текот на 2023 година.
Потребна документација која треба да се достави е следната:
-Писмо за пројавување на интерес (за спортските здруженија и други правни лица и физички лица кои се уште немаат формирано женски спортски клуб);
– Документација за веќе формиран женски спортски клуб;
– План или програма за формирање на женски спортски клуб или План или Програма за работа на веќе формиран женски спортски клуб;
Рок и начин на доставување на пријавите.
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 13.11.2023 година (понеделник) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62, 1484 Богданци со назнака „ Јавен повик за пројавување на интерес за формирање на женски спортски клуб на територијата на општина Богданци “.