Врз основа на член 41 став 1 точка 14, а во врска со член 16 став 1 точка 6 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр.04/05, 04/11, 04/15, 09/19, 02/20 и 11/21), Градоначалникот на Општина Богданци објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за финансирање на спортските активности од Буџетот на
Општина Богданци за 2024 година
Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица и физички лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Богданци.
Спортски здруженија и другите правни и физички лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
– да го организираат и спроведуваат системот на натпревари;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;
– да се грижат за унапредување на младите категории;
Потребна документација која спортските здруженија и други правни и физички лица во областа на спортот треба да ја достават:
-Документација од извршена регистрација на субјектот –за здруженија и други правни лица(копија од тековна состојба) ;
– Годишна програма за работа за 2024 година или План на активности за 2024 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2023 година (до денот на поднесување на пријавата).
Рок и начин на доставување на пријавите
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 15.11.2023 година (среда) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62, 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на спортот за 2024 година“.
Резултатите од јавниот повик ќе бидат објавени во Програмата за финансирање на спортските активности во општина Богданци за 2024 година која ја донесува Советот на општината на крајот од годината и истата се објавува во „Службен гласник на Општина Богданци“ и на веб страницата на Општина Богданци, www.bogdanci.gov.mk .