ЗА ФОРМИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА КОНСТИТУИРАЊЕ НА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ
Општина Богданци, врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на РСМ“ бр.10/20) и член 48-j од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 04/05, 04/11, 04/15, 09/19, 02/20 и 11/21) распишува:
Јавен повик до сите младински организации, политички подмладоци, ученичките и студентските организации и другите облици на младинско здружување кои реализираат активности на подрачјето на Општина Богданци, да номинираат свој претставник во Иницијативниот одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Богданци.
Бројот на членовите на Иницијативниот одбор е најмногу 5 (пет).
Улогата на Иницијативниот одбор е да ја спроведе постапката за конституирање на Локалното собрание на млади, со што неговата функција престанува.
Задачи на Иницијативниот одбор се:
• Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на ЛСМ,
• Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на Општината по принципот на јавност и транспарентност,
• Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното локално собрание за млади.
Задолжителни документи кои се доставуваат:
• Портфолио на организацијата/групата/здружението,
• Извештај за активности со млади во изминатата година,
• Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и општи и контакт информации за членот.
Дополнителни (опционални) документи се:
• Годишна програма за работа,
• Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.
Начин на пријавување:
Сите заинтересирани организации/групи/здруженија документите можат да ги достават скенирани на е-маил: opstina_bogdanci@t.mk или во печатена форма во архивата на Општина Богданци со назнака „За формирање иницијативен одбор за конституирање на ЛСМ”.
Рок за пријавување:
10 (десет) работни денови, а најдоцна до 03.06.2025 (до 16:00 часот во просториите на Општината или електронски до крајот на денот).
Лице за контакт и повеќе информации:
Службеник за млади во Општина Богданци – Кристина Прошева
Е-маил: kristina_075@yahoo.com
Адреса: Општина Богданци, ул. Маршал Тито бр.62, Богданци,
Тел: 078/ 583-612, 034/222-333