Почитувани,
Ве известуваме дека Здружението на граѓани Центар за животна средина и одржлив развој од Богданци во рамките на Проектот “Воспоставување механизам за подобрена соработка меѓу Општина Богданци и граѓаните“, поддржан од Civica Mobilitas ја изработи мобилната апликација“Репортираме
” која веќе е достапна на вашиот “Play store” дадена на следниот линк: репортираме
Целта на мобилната апликација “Репортираме“е вклучување на граѓаните во процесот на граѓански иницијативи, креирање и носење на одлуки, како и пријавување на проблеми во Општината од страна на граѓаните. Се надеваме дека со помош на оваа алатка граѓаните и Општина Богданци ќе ја зајакнат својата меѓусебна комуникација и заеднички сите ќе придонесеме кон поздрава и почиста животна средина и ќе го унапредиме квалитетот на живот на сите жители во Општина Богданци