Дел.број 03-2115/4
од 28.11.2018 год.
Врз основа на член 56 од Закон за градежно земјиште (,,Службен весник на РМ“ бр.15/15,98/15,193/15, 226/15,31/16, 142/16 и 190/16), Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање на Општина Богданци, изврши
ИСПРАВКА НА ОБЈАВА број 2
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во Општина Богданци
Се врши исправка на Објавата број 2 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Богданци , објавена во дневните весници ,, Вечер“ , ,,Нова Македонија“ и ,,Коха“ на 26.11.2018 година и во Службен весник на РМ и тоа:
-Точка 21 , се менува и гласи: Висината на посебните трошоци во постапката за отуѓување на градежно земјиште изнесува 10% од вредноста на банкарската гаранција за сериозноста на понудата, но не повеќе од 15.000,00 денари.
-Точка 26 се менува и гласи: Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 (три) дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот Комисијата е должна да одлучи во рок од 5 (пет) работни дена од приемот на истиот.
Останатите податоци остануваат непроменети.
Оваа исправка на објавата ќе биде објавена и на WEB страната на Општина Богданци, www.bogdanci.gov.mk
ОПШТИНА БОГДАНЦИ
Комисија за спроведување
на постапки за јавно наддавање
Претседател Силвана Данаилова