Православната Црква Успение на Пресвета Богородица во Ѓавото денеска го одбележува својот патронен празник „Успение на Пресвета Богородица“ или кај народот попознат како Голема Богородица. Едно од главните обележја на овој празник во Ѓавото е панаѓурот кој има долгогодишна традиција.
Овој значаен христијански празник е посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. За време на целиот свој живот, таа била директен сведок на многу важни настани што се од значење за христијанската црква.
На жителите на Ѓавото и на сите православни верници им го честитам овој Голем ден и им посакувам да го поминат во добро здравје и убаво расположение.