Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Врз основа на член 29 став 4 и член 50 став 3 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Богданци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање на јавна презентација и јавна анкета

по Измена и дополнување на урбанистички план вон населено место за изградба на откупно – дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, производство и дистрибуција во м.в. Горни Чаир, КО Богданци в.г., општина Богданци

Граници на опфатот се :

  • Од североисточна страна граничи со КП бр.8172, 6634/1, 6624/1, 6611/1, 6610/2, 6608/12, 6608/14 и 6608/15;
  • Од северозападната страна граничи со КП.бр.6607;
  • Од југозападната страна граничи со локалниот асвалтен пат Ѓавато- Стојаково и
  • Од југоисточната страна граничи со КП. бр. 8172

Опфатот е со површина од 31630 м2.

Јавната анкета и јавната презентација по Измена и дополнување на урбанистички план вон населено место за изградба на откупно – дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, производство и дистрибуција во м.в. Горни Чаир, КО Богданци в.г., општина Богданци, тех .бр 03-06/23 од Јуни 2023 г., изработен од Друштво за градежништво, трговија и услуги НИМАЕР Благоја ДООЕЛ увоз-извоз Струга, ќе се спроведе со излагање на Проектот во просториите на Општина Богданци.

Јавната анкета ќе трае триесет дена од 21.08.2023г. до 20.09.2023г., секој работен ден од 08 до 16 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на Урбанистички проект со план за парцелација ќе се одржи на ден 13.09.2023 година во 14:00 часот во просторијата на Сала на Совет на Општина Богданци.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |