Општина Богданци ги известува граѓаните дека Урбанистичкиот план за подрачја и
градби од државно значење за интерконективен гасовод Република Северна Македонија –
Грција е достапен за увид на широката јавност и стручната јавност и јавно презентиран од
17.08.2022 година до 18.09.2022 година на веб страната на Министерство за транспорт и врски
како и во електронскиот систем Е-урбанизам, веб страните на Општините Неготино, Демир
Капија, Богданци и Гевгелија. Исто така во хартиена форма примерок од урбанистичкиот план е
изложен на увид на стручната јавност и на увид и проверка на широката јавност во просториите
на Министерство за транспорт и врски и во Општините Неготино, Демир Капија, Богданци и
Гевгелија, соодветно на административните граници на општините.
Урбанистичкиот план за подрачја и градби од државно значење за интерконективен
гасовод Република Северна Македонија – Грција, соодветно на административните граници
на Општина Богданци е достапен за увид во хартиена форма во просториите на Одделение за
урбанизам и градежништво во Општина Богданци, од 17.08.2022 година до 18.09.2022 година,
секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.
СООПШТЕНИE ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ОПШТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА