На 25.12.2018 година (вторник) со почеток во 12:00 часот во просториите на Општина Богданци ќе се одржи 21-та седница на Советот на Општината.
На дневниот ред на седницата се следниве точки:
- Предлог–Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2019 година;
- Предлог –Програма за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2019 година;
- Предлог – Програма за мерките и активностите на Општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2019 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Богданци во областа на локалниот економски развој (ЛЕР) во 2019 година;
- Предлог-Одлука за сопствено учество за проект;
- Предлог-Програма за управување со отпад во Општина Богданци за 2019 година;
- Предлог -Програма за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2019 година;
- Предлог –Програма за одржување на јавна чистота за Општина Богданци за 2019 година;
- Предлог -Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2019 година;
- Предлог-Програма за заштита и благосостојбата на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани, кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот за 2019 година;
- Предлог – Програма за улично осветлување на подрачјето на Општина Богданци за 2019 година;
- Предлог -Програма за финансиски средства на Општина Богданци за потребите на одбраната во 2019 година;
- Предлог -Програма за работа и финансиски средства на ОСБСП на Општина Богданци за 2019 година;
- Предлог –Програма за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2019 година;
- Предлог – Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Богданци за 2019 година;
- Предлог –Програма за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2019 година;
- Предлог –Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2019 година;
- Предлог – Програма за урбана опрема во Општина Богданци во 2019 година;
- Предлог-Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги;
- Предлог-Буџет на општина Богданци за 2019 година;
- Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Богданци за 2019 година;
- Предлог-Буџетски календар за 2019 година;
- Предлог-Одлука за утврдување на бодот за платите на државните службеници за 2019 година;
- Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Богданци за 2019 година;
- Разгледување на Извештај за материјалното и финансиското работење на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 01.01.2018-30.09.2018 година
- Разгледување на Годишна програма за работа на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2019 година;
- Разгледување на одлука за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење и одведување на отпадни води;
- Советнички прашања.