Почитувани,
Општина Богданци, во наредниот период, донесува плански документ ЛЕАП – Локален еколошки акционен план, кој се изработува за период од шест години.
ЛЕАП е стратешки документ што се подготвува со цел планирање на заштита на животната средина на локално ниво.
Секој заинтересиран граѓанин со своето знаење може да се вклучи во работата на документот и тоа во областите вода, воздух, отпад, природа, почва и искористување на земјиштето, најдоцна до 24.12.2018 година во просториите на Општина Богданци.
Процесот на подготовка на ЛЕАП подразбира активно вклучување на јавноста при донесување на одлуки преку јавна анкета и информативни состаноци.
Учеството во изработувањето на овој документ е волонтерско .
Контакт :
Општина Богданци
Јованка Ампова
тел. 078 321 586