Во Понеделник на 24 јуни 2019 година, со почеток во 20 ч. во просториите на ЈОУ Дом на Култура Богданци ќе се одржи јавна расправа за долгорочно задолжување на Општина Богданци во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги, МСИП.
Предмет на задолжување е изградба на нов мост преку река Луда Мара, итноста за реализација на овој проект е заради рехабилитација на регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка дел од регионалниот пат 1109.
Учествувајќи на оваа јавна расправа, заинтересираните страни во општина Богданци ќе имаат можност да дадат придонес во определувањето на приоритетите за идна реализација согласно условите за задолжување пропишани од проектот.
Општина Богданци ги повикува сите граѓани, претставници од приватниот сектор, претставници од невладиниот сектор, претставниците на урбаните и месните заедници како и сите други заинтересирани страни да земат учество во јавната расправа.