Општина Богданци согласно спроведената постапка за чистење на речни корита на територијата на Општина Богданци, започна со чистење на речните корита.
Согласно склучениот договор ќе бидат опфатени дел од речните корита на река Луда Мара, дел од Гегова Река, дел од Медурска Река, дел од Љокова Река и дел од речното корито на ул.25-ти Мај.
На ден 17.07.2019 година се започна со чистење на река Луда Мара а активностите опфаќаат машинско чистење на речното корито со багер од земја, трска и друга вегетација. По завршување на чистење на коритото на река Луда Мара ќе се продолжи со чистење на погоренаведените речни корита.
Изведувач на активностите е правното лице ДГП „АЛФА ПРОЕКТ“ ДООЕЛ Гевгелија.
Вкупната вредност на работите предмет на договорот изнесува 650.160,00 денари + ДДВ.