Општина Богданци го склучи договорот за реконструкција на улици во населено место Селемли. Станува збор за реконструкција на улиците Маршал Тито, ЈНА, Илинденска, Солунска и Гоце Делчев со вкупна должина од 992м.
Согласно спроведената постапка за јавна набавка изведувач на активностите е правното лице ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица.
Вредноста на склучениот договор со ДДВ изнесува 11.958.391 денари, од кои 8.418.880 денари се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој согласно Решение за одобрување на барање за финансиска поддршка. Остатокот од средствата во износ од 3.539.511 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Богданци.