Согласно Програмата за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2019 година, од страна на Градоначалникот беше распишан јавен конкурс за изработка на ликовни творби на тема: „Родова рамноправност“ на кој право на учество имаа сите ученици од СОУ „Богданци“ Богданци.
Конкурсот беше распишан со цел да се стимулира детското ликовно творештво и да се подигне свеста за еднаквите можности на момчињата и девојчињата. Пристигнатите творби беа разгледани од Комисијата од општината и за истите доделени награди и тоа за прво, второ и трето место.
Сите учесници на конкурсот заедно со директорката на СОУ „Богданци“, Росица Шабанова и менторот Ѓорги Петровски денес, 24.12.2019 година остварија средба со Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, кој им додели благодарници на сите учесници,а на наградените парична награда за освоено прво, второ и трето место.
Прво место усвои ученикот Стефан Коцев I2 клас кој доби парична награда во износ од 4.000 денари, второ место ученичката Магдалена Алексовска I5 клас на која и беше доделена парична награда во износ од 3.000 денари и третото место и припадна на ученичката Марија Пеева IV1 клас со парична награда од 2.000 денари.
Блаже Шапов, им честита за постигнатиот успех на учениците и нивниот професор и им посака уште поголеми резултати во идните активности и проекти.