Деновиве заврши уредувањето на улици согласно склучениот договор за уредување на улици на територијата на град Богданци со правното лице Пешо Инженеринг ДОО Струмица. Со бехатон плочки беа уредени улиците Максим Горки со должина од 180м, крак од улицата Никола Карев со должина од 150м и дел од улица 29-ти Ноември со должина од 130м.
Финансиските средства за реализација на договорот во износ од 1.859.255 денари, се обезбедени од Буџетот на Општина Богданци.
Наредната недела следува распишување на нова тендерска постапка за реконструкција на улиците Луда Мара, Осоговски, Братство Единство, Васил Главинов а исто така ќе се уреди и паркинг простор на ул.Нако Вардарски (позади Комерцијална Банка), сите во Богданци. Во Стојаково со бехатон плочки ќе се уредат тротоари на улица Гоне Каракабаков во должина од 166м. Сите овие активности се предвидени во Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2020 година.