Знаеме дека во состојби на стрес и домашна изолација насилството може дополнително да ескалира.
Од овие причини, согласно насоките добиени од Министерството за труд и социјална политика со цел жртвите на семејно насилство да добијат помош, поддршка и заштита од семејно насилство, најпрво да се јават на националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство која обезбедува 24 часовна точна навремена и доверлива информација за заштита на жртвите (070/075/077 141 700). Во случаи кога постои сознание за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, како последица на семејно насилство, да се пријави до најблиската полициска станица, на бројот 192 или до надлежниот Центар за социјална работа независно дали е полициски час.
Институциите даваат највисок приоритет на пријавите на семејно насилство и ги превземаат сите мерки за заштита на жртвите.