Правното лице ПЕШО ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица по склучениот договор за јавна набавка со општина Богданци започна со активностите за уредување на паркинг просторот на улицата „Нако Вардарски“ во Богданци (позади Комерцијална Банка).
Активностите опфаќаат чистење, тампонирање и поставување на бехатон како и улични бетонски рабници на површина од 852м2 .
Вкупната вредност на работите предмет на договорот изнесува 693.670,00 денари, без ДДВ или вкупно со ДДВ 818.530,00 денари.
Средствата за реализација на договорот се обезбедени од Буџетот на Општина Богданци согласно Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2020 година.