Согласно Програмата за улично осветлување на подрачјето на општина Богданци за 2020 година, започнаа активностите за реализација на договорот за изградба на нови линии за улично осветлување.
Носител на набавката е правното лице ДИГИТАЛ ДООЕЛ Струмица, а вкупната вредност на договорот изнесува 529.300,00 денари без ДДВ, или вкупно со ДДВ 624.574,00 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Богданци.
На одредени места ќе бидат поставени само улични светилки на веќе постоечки бандери а на локациите каде недостасуваат бандери ќе бидат поставени комплет бандери со улични светилки. Ќе се постават вкупно 32 нови сијалици и 15 нови бандери како во Богданци така и во Стојаково, Селемли и Ѓавото.
Проширувањето на мрежата за јавно осветлување значително ќе ја подобри осветленоста на локалните улици и патишта и ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.