Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

На ден 09.09.2020 година во просториите на општина Богданци, потпишан е Меморандум  за соработка помеѓу Општина Богданци, претставувана од страна на Градоначалникот, Блаже Шапов и претседателот на Совет на Општина Богданци, Елена Шутарова и Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата( РСБСП)  претставуван од страна на Претседателот Гордана Кожуваровска и Секретарот Владимир Лазаров.

Меморандумот за соработка е доброволен акт за взаемна соработка во организирање на заеднички активности и иницијативи за зголемување на безбедноста на децата и младите во сообраќајот, за преземање на едукативни и превентивни мерки со кои ќе се заштити животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот.

Почетно создавање на партнерство и соработка со РСБСП  е дел  од активностите на проектот „ Безбеден граѓанин – Среќен граѓанин“ кој ќе се реализира во Богданци,  финансиски поддржан од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ), а се имплементира од Програмата за развој на Обединетите нации.

Потпишувањето на овој меморандум е добра основа за понатамошна долгорочна собработка помеѓу двете инстиутиции во размена на  искуства, совети и информации во врска со позитивните пракси кои се употребуваат, со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, заедничка реализација на општествено корисни активности и кампањи за зголемување и унапредување на безбедноста во патниот сообраќај.

Цел на соработката е создавање на сигурен, регулиран и безбеден режим на сообраќај во најфрекфентните улици, како и обезбедување на безбедно  движење на  пешаците и велесипедистите, односно безбедно учество на децата и младите во сообраќајот преку зголемена сообраќајна едукација и преку уредување и поставување на сообраќајната сигнализација во Богданци.

Во рамки на воспоставената соработка  договорните страни се согласни да организираат заеднички активности и иницијативи од видот на кампањи, работилници, едукативни вежби, предавања, обуки, едукативни акции  и други активности за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |