Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  во соработка со општина Богданци на 17.09.2020 година реализира активност за промоција и поддршка на алтернативните форми на мобилност со посебен акцент на поддршка на велосипедизмот.

,,European Mobility Week,, – „Европска недела на мобилност” e активност, односно кампања која  на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година,  во периодот од 16 до 22 септември. Кампањата има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето, велосипедизмот и користењето на јавниот превоз.

Кампањата беше организирана со цел да се запознаат жителите на Богданци, посебно младите дека:

Возењето на велосипед, или велосипедизмот, како алтернативно превозно средство носи со себе многубројни бенефити,- персонални, економски, социјални, еколошки, здравствени и многу други.  Како резултат на сите овие бенефити, луѓето сѐ повеќе ги заменуваат своите автомобили со велосипеди како начин на мобилност и транзитирање до посакуваната дестинација. Истражувањата покажуваат дека во измината деценија бројот на луѓе кои патуваат до своето работно место со велосипед, континуирано  се зголемува од ден на ден и позитивно е оваа појава да продолжи и во иднина.

Безбеден и протечен сообраќај: 

Истражувањата покажуваат дека најголемиот дел од дневните патувања кои ги правиме секојдневно се пократки од 5 километри,  што ги прави идеални за изминување со велосипед. Користењето на велосипедот како превозно средство ви овозможува да ги избегнете метежите по улиците и да патувате безбедно и да пристигнете до вашата дестинација побрзо, и со помалку нервози.  Патувањето со велосипед  исто така го елиминира еден од најголемите проблеми на патувањето со автомобил, а тоа се паркинг местата. Со велосипед, вртењето празни кругови по половина час со надеж дека ке се ослободи паркинг место ќе  биде  ваше минатото.

Вози Велосипед!

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |