По изведување на градежни активности во изминатите два месеци, правното лице Вод Вар Скопје деновиве заврши со изградба на атмосферската канализација на ул.„Петар Мусев“ како и со реконструкција на дел од колекторски систем.
Граѓаните ги искажаа своите долгогодишни проблеми, а ние соодветно постапивме и со овој зафат го решивме деценискиот проблем кој го имаа жителите со излевање на фекалните води од колекторот по должината на река Луда Мара.