Општина Богданци во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП), започна едукативна кампања, за безбедноста во сообраќајот и тоа во општинските основни училишта „Петар Мусев“ и „Кирил и Методиј“ на тема „ Да бидеме безбедни во сообраќајот“ и во СОУ „Богданци“ на тема „ Младите жртви во сообраќајни незгоди“.
Едукативните презентации илустративно говорат за користење на пешачките премини, движење по необележани улици,преземање на безбедносни мерки при возењето со автомобил, каде да се игра, и особено за високиот ризик за сообраќајна несреќа меѓу младите возачи.
Кампањата е прилагодена на постојните услови во време на пандемија на корона вирусот и пропишаните протоколи во училиштата и истата ќе се реализира од страна на одговорните наставници.
Дополнително од страна на РСБСП е обезбеден одреден број пакетчиња со информативен материјал кој содржи сообраќајна лектира, боенка, сообраќајна песнарка, заштитна маска и друго и истата им се подели на третоодделенците од двете општински основни училишта.

smart