СОВЕТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ
Советот на Општината е претставнички орган на граѓаните и го сочинуваат единаесет претставници на граѓаните избрани на општи непосредни и слободни избори со тајно гласање.
Мандатот на членовите на Советот трае четири години.
Членот на Советот има право и должност:
- да предлага претресување на прашања, појави и состојби што се од локално значење, како и од значење за граѓаните во Општината;
- да дава иницијативи за донесување на одлуки и други акти од надлежност на Советот, како и да предлага амандмани, на начин и по постапка предвидени во Деловникот;
- да бара од администрацијата на Општината, како и од јавните служби, установи и претпријатија и од други институции, основани од Општината, податоци и други информации за прашања од нивниот делокруг, а што му се потребни за неговата работа во Советот;
- да бара и добие стручна помош во изработувањето на предлози што тој му ги поднесува на Советот, во поставувањето на советнички прашања и во вршењето на други работи што му ги доверил Советот, односно комисија во која членува;
- да ги чува како тајна податоците, кои се класифицирани како такви, што ќе ги дознае на седница на Советот или на комисија.
Врз основа на член 45 став 3 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Р.Македонија“ бр.12/2019), Општина Богданци објавува податоци за членови на Советот кои имаат правни лица во нивна сопственост, акции или удели или управувачка функција:
- Никола Шелдаров, сопственик на Друштво за производство на леб и бели пецива со трговија и услуги МОНЕТА, Никола ДООЕЛ с.Стојаково и
- Стоимир Дронов, сопственик на транспортна фирма ДРОНЕ ТРАНСПОРТ ДООЕЛ Богданци;
Деловник на Советот на општина Богданци
| Р.бр. | Име (татко) презиме | Адреса на живеење | Образование | Тел број | Е-маил адреса |
| 1. | Митко Јован Мурџев | Маршал Тито бр 26/5 Богданци | Високо Факултет за физичка култура | 070/682-800 | mitkom983@yahoo.com |
| 2. | Богомил Атанас Марков | Изворски бр 30 Богданци | Дипломиран информатичар | 072/777-617 | boki.markov@gmail.com |
| 3. | Марија Тони Гогова | 25 ти мај бр 110 Богданци | Високо образование Машински факултет | 078/220-391 | marijagogova28@gmail.com |
| 4. | Роберт Стојан Иванџиков | Маршал Тито бр 42 Стојаково | Средно образование | 070/578-443 | robertivandzikov@gmail.com |
| 5. | Каролина Михаил Попова | Леонид Јанков бр 2 Стојаково | Средно образование | 072/249-669 | karolinapopova65@gmail.com |
| 6. | Љубица Анѓел Тодорова | Дојранска бр 52 Богданци | Високо образовани | 071/255-609 | stancevaljubica@yahoo.com |
| 7. | Елена Симеон Манолева-Ѓавочанова | Изворски бр 42 Богданци | Високо образование | 078/316-417 | elenamanoleva@yahoo.com |
| 8. | Наташа Драги Џиџева | Маршал Тито бр 22А/1-18 Богданци | Високо образование Педагошки факултет | 071/800-285 | natasadzidzeva@yahoo.com |
| 9. | Никола Димитар Стратров | Маршал Тито бр.150 Богданци | Медицински факултет Специјалист радиолошки техничар | 078/801-642 | nikolastratrov@gmail.com |
| 10. | Прчев Ѓорге Антонио | Крушевска бр27 Богданци | Средно образование | 077/899-779 | antonioprcev@yahoo.com |
| 11. | Рахела Милорад Јовановиќ | Илинденска 11 Селемлија | Високо образование Бизнис и логистика | 078/343-921 | jovanovikjrahela@gmail.com |
