Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Во рамките на Швајцарскиот проект „Зајакнување на општинските совети“ кој го спроведува УНДП, во текот на 2020 година Општина Богданци спроведе Форуми во заедницата, каде низ четири форумски сесии граѓаните и невладините организации на оваа општина имаа прилика да креираат, дискутираат и одлучуваат за приоритетни иницијативи кои би се реализирале во општината со финансиска поддршка од 50,000 CHF од проектот за Зајакнување на општинските совети.

Низ четирите форумски сесии, граѓаните на општина Богданци дадоа приоритет на иницијативата „Безбеден граѓанин – Среќен граѓанин-Уредување на режимот на сообраќај и поставување на сообраќајни знаци во Богданци “, која веќе е во целост реализирана а опфати голем број на активности за уредување на режимот на сообраќај и поставување на сообраќајни знаци во Општината. Вкупната вредност на оваа иницијатива изнесуваше 2,155,414 денари.

Имајќи предвид дека за реализацијата на оваа иницијатива Општина Богданци не го искористи грантот од 50,000 CHF во целост, на 15 февруари се организираше дополнителна форумска сесија каде граѓаните ги разгледаа преостанатите иницијативи и како приоритет ја утврдија иницијативата предложена од младите од Богданци „Уредување на повеќенаменско спортско-рекреативно катче за деца и млади“, која ќе се спроведе со преостанатите средства од проектниот грант, како и со кофинансирање од страна на општината.

Проектот преставува реконструкција, уредување и збогатување со нови содржина на постоечкото детско игралиште спроти Домот на култура во Богданци .

 

Дополнително, општина Богданци ќе се заложи во текот на годината со сопствени средства да ја реализира и трето-рангираната иницијатива произлезена од Форумите во заедницата: „Партерно уредување на дом на култура во Стојаково“.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |