На ден 24.03.2022 година во хотел Хилтон во Скопје се оддржа завршен настан на проектот „Зајакнување на општинските совети“.
На настанот се презентираа спроведените активности и постигнати резултати во рамки на проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка, спроведен од страна на УНДП – „Зајакнување на општинските совети“. На истиот присуствуваа претставници на 24-те општини (претседатели на совети, градоначалници, проектни координатори) кои беа директно вклучени во спроведувањето на проектот како и партнерските институции и организации (Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, ЗЕЛС, Здружението на финансиски работници -АФО, UN Women) .

Главната придобивка на проектот е што помогна да се подобри квалитетот на живот на граѓаните во 24-те партнерски општини, но во исто време воспостави алатки и пракси кои го зајакнуваат капацитетот и на советниците и на општинската администрација, и го охрабруваат учеството на граѓаните преку Форумите на заедницата.
Конкретно, во рамки на проектот Општина Богданци ја подобри сообраќајната безбедност и обезбеди нов простор за спорт и рекреација за сите граѓани, а слични и многу корисни проекти беа реализирани и во другите општини вклучени во проектот.
Покрај Форумите во заедницата и проектните грантови, за нас како општина особено се значајни две компоненти за развој на капацитетите и вмрежување на советниците:
- Обезбедена е нова политика на транспарентност, преку набавка на соодветна опрема која како иновативна алатка се користи за пренос и архивирање на снимените седници и обезбедува пристап на граѓаните до факти, знаења и искуства во дигитална форма.
- Новоизбраните советници се охрабрени да креираат личен профил на платформата за е-учење достапна на веб страницата opstinskisoveti.mk, со што обезбедуваме континуитет во пристапот на неопходните знаења за нивната работа и создаваме можност за понатамошно вмрежување и на новоизбраните советници.
„Програмата „Зајакнување на општинските совети“ во изминатите пет години докажа дека со правилен пристап, едукација и иновативнит теехологии може да се поттикне и забрза локалниот развој и да се постават нови стандарди во практикувањето на политиката во локалните самоуправи.