Почитувани сограѓани,
Ви го честитам 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој ден отсекогаш бил симбол на борбата за работничките права и на изразувањето работничка солидарност.
Секогаш бидете горди и посветени на она што го работите, бидејќи трудот и посветеноста се најголеми вредности и двигатели на иднината.
Ви посакувам многу здравје и убави празнични денови со најблиските.
Нека ни е честит Празникот на трудот!