Денес на глобално ниво се одбележува Денот на победата над фашизмот. Со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, на 9 мај 1945 година беше ставен крај на Втората светска војна.
Денот на Европа или Денот на победа против фашизмот, 9-ти Мај е ден кога се одбележува европскиот идентитет и заложбата за заедништво на сите народи на стариот континент.
По тој повод Градоначалникот на општина Богданци – Блаже Шапов, локалната самоуправа, ученици од СОУ „Богданци“ и ООУ „Петар Мусев“ заедно со Директорот и поддржувачите на делото на борците и членови на Општинското Здружение на Пензионери им оддадоа почит на народните херои и паднатите борци со положување свежо цвеќе пред бистите во Градскиот парк во Богданци.
Подвигот на борците кои ги дале своите животи на олтарот на победата над фашизмот никогаш нема да се заборави.Слава им!