На 20 јули жителите на Стојаково традиционално секоја година го прославуваат патронот на Православната црква „Света Недела“, заштитничка на ова населено место, или народно кажано, мештаните во духот на своите обичаи го одбележуваат Панаѓурот во Стојаково. Таа е закрилничка и молитвеница пред Бога за сите оние што ќе ја побараат нејзината помош. Света Недела е празник на честа, посветеноста на верата и вербата. Им посакувам на сите граѓани од ова населено место овој голем и важен ден за нив да го поминат во добро здравје и убаво расположение. Честит панаѓур!