Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Богданци ја дава следното:
И С П Р А В К А Н А С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна анкета
по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 3239/1 ; дел од КП 3240;дел од КП 3241; дел од КП 3242 ; дел од КП 3242/1 ; дел од КП 3242/2 ; дел од KП 3242/3; КП 3242/4; и дел од КП 3249 КО Богданци вон град , Општина Богданци со намена: Е1.13-површински соларни и фотоволтаични панели (Градби за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија- фотоволтаични електрани со инсталирана моќност до 1MW )
Се врши исправка на Соопштението бр 11-28/2 од 03.01.2023г. објавено од Општина Богданци во ставот 6 кој се менува и гласи:
„Јавната презентација со стручно презентирање на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички планќе се одржи на ден 20.01.2023 година во 09:00 часот во просторијата на Сала на Совет на Општина Богданци.“
ГРАДОНАЧАЛНИК
Блаже Шапов