Почитувани сограѓани,
Во името на Советот на Општина Богданци и во свое лично име, Ви го честитам најголемиот христијански празник Божиќ – денот на Христовото раѓање.
Во добро здравје со чиста мисла и ведар дух започнете го празнувањето со кое се величат духовните и морални вредности кои ги поврзуваат луѓето, а нашите срца се отвораат за добри дела. Минете ги овие денови онака како што налага традицијата, мирно и радосно во кругот на семејството.
Христос се роди, Навистина се роди!!!
Нека е за многу години големиот празник!