СООПШТЕНИЕ
Општина Богданци ги повикува сите евидентирани невработени лица (активни баратели на работа) жители на општина Богданци кои своето вработување сакаат да го решат во рамките на Програмата за Општинско-корисна работа од оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година да се пријават во центарот за вработување Гевгелија– дисперзирана канцеларија Богданци со пополнување на пријава за учество во програмата за ОКР и изјава за согласност.
На јавниот повик може да се пријават невработени лица од следните целни групи:
– Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
– Млади лица до 29 години
– Лица постари од 50 години
– Невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19
– Лица корисници на гарантирана минимална помош
– Лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
– Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
– Жртви на семејно насилство
– Лица со попреченост
– Жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
– Лица припадници на ромската етничка заедница
– Лица на кои им е решен статусот со лична документација
– Самохрани родители
– Родители на деца со пречки во развојот
– Родители на 3 и повеке деца
– Родители на деца на улица
– Бездомни лица
– Лица со незавршено средно или пониско образование
За проектот во општина Богданци ќе се ангажираат 2 (две) лица за период од 9 (девет) месеци со скратено работно време (20 работни часови неделно) со месечен надоместок од 13.750 денари со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест за следните работни места:
- 2 позиции: 2 асистенти за помош и поддршка при самостојно живеење
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучувањето на договор со невработените лица.
Јавниот повик е отворен од 07.06.2023 до 15.06.2023 година.