По повод 79 години од ослободувањето на Богданци, на 10-ти Октомври во Дом на култура „Бранд Петрушев“ се оддржа свечена академија, како знак на сеќавање на денот кога Богданци осамна пред светлината на слободарското сонце.
![](https://bogdanci.gov.mk/wp-content/uploads/2023/10/385507109_273075309021814_4118481439648450236_n-1024x682.jpg)
Пред присутните гости и претставници на општествено-политичкиот живот во градот, настапи Марија Ичкова со нашата химна, по што беше прикажана видео презентација за градот, а потоа настапија Билјана Дуева ученичка од СОУ „Богданци со изведба на песната „Со маки сум се родила“, ФА „Мегдан“ предводени од Петар Стојчевски и интерпретација на ученички од СОУ „Богданци“ со песната „Тешкото“ од Блаже Конески.
![](https://bogdanci.gov.mk/wp-content/uploads/2023/10/385505949_636172175308951_1341317096509681852_n-683x1024.jpg)
![](https://bogdanci.gov.mk/wp-content/uploads/2023/10/image.png)
![](https://bogdanci.gov.mk/wp-content/uploads/2023/10/385513750_229719786774451_3174687667283034835_n-1024x682.jpg)
Обраќање на академијата имаше Градоначалникот, Блаже Шапов, кој меѓу другото истакна дека хероите од градот и околните места водени од личната и колективната иницијатива за слобода и подобар живот, храбро се бореле положувајќи го својот живот за иднина која ја заслужувале како генерација и за генерациите после нив. Денес нивните славни имиња остануваат да живеат во имињата на институциите, манифестациите, улиците и спомен обележјата и секако најдлабоко во историјата на градот.Потоа даде кратко резиме на она што е сработено, се работи и планира за што покажуваат и резултатите од истражувањето на ЗМАИ според кои, општина Богданци има највисок индекс на отвореност и транспарентност при работењето од вкупно 80 општини во државата.
![](https://bogdanci.gov.mk/wp-content/uploads/2023/10/370077317_1380454305911266_7828499146042291481_n-682x1024.jpg)
По повод овој значаен и голем празник за нашиот град, ги одликува со посебно признание луѓето кои со својата поддршка придонеле во растот и развојот на општина Богданци. Плакети за посебни достигнувања во одредени области добија г-ѓа Каја Шукова – Министер за жовотна средина, г-ин Илмиасан Даути – Програмски менаџер на УНДП, г-ин Кирил Каркалашев од ЈП за Државни патишта, Росица Шабанова – Директор во СОУ „Богданци“, „Интерглобус Лепобекара ММ“, ракометниот тим при СОУ „Богданци“ и ученичката Катја Гогова од ООУ „Петар Мусев“ за постигнатиот голем успех на Светската Хипо Олимпијада во Италија.
![](https://bogdanci.gov.mk/wp-content/uploads/2023/10/369529207_1511555696083431_6973104601220631917_n-1024x682.jpg)
![](https://bogdanci.gov.mk/wp-content/uploads/2023/10/385513645_733365981935156_6866952619212787640_n-1024x682.jpg)
Публиката ја имаше честа да ужива во музиката на популарното гудачко трио „Тринити Стрингс“ а потоа следуваше коктел и дружење во галеријата на Домот.
![](https://bogdanci.gov.mk/wp-content/uploads/2023/10/385510338_23906001012380494_5780803146160634247_n-1024x682.jpg)
![](https://bogdanci.gov.mk/wp-content/uploads/2023/10/387632702_649956233625093_563490638446713005_n-1024x682.jpg)
Забавниот дел од програмата се оддржа во Градскиот Парк во Богданци каде настапи Марија Ичкова со својот бенд и Христијан Настевски „Пајак“.
Почит и слава до сите херои кои несебично ги дале своите животи во ослободувањето на својата татковина!