Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Врз основа на член 41 став 1 точка 14 а во врска со член 16 став 1 точка 5 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник  на Општина Богданци“ бр.04/05, 04/11, 04/15, 09/19, 02/20 и 11/21), Градоначалникот на Општина Богданци објавува


ЈАВЕН ПОВИК 

за финансирање на културните активности од Буџетот на

Општина Богданци за 2024 година

             Право на учество имаат здруженија на граѓани и други правни и физички лица од областа на културата кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

             Здруженијата на граѓани и другите правни и физички лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да придонесат за збогатување на културниот живот во општината; 
– да придонесат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Богданци;
– да го поттикнат и афирмираат културното творештво  на младите уметници;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

-да обезбедат континуитет на традиционалните културно уметнички манифестации кои се од локален карактер.

               Потребна документација која здруженијата на граѓани и други правни и физички лица од областа на културата треба да ја достават:

– Документација од извршена регистрација на субјектот- за здруженија на граѓани и правни лица (копија од тековна состојба);
– Годишна програма за работа за 2024 година или План за активности за 2024 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2023 година (до денот на поднесување на пријавата);  

            Рок и начин на доставување на пријавите 
             Крајниот рок за поднесување на пријавите е 15.11.2023 година (среда) до 16 часот.
            Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62, 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на културата за 2024 година“.       

Резултатите од јавниот повик ќе бидат објавени во Програмата за финансирање на културните активности во општина Богданци за 2024 година која ја донесува Советот на општината на крајот од годината и истата се објавува во „Службен гласник на Општина Богданци“ и на веб страницата на Општина Богданци, www.bogdanci.gov.mk .

                                                                                                                 

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |