Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници денес Градоначалникот ја имаше можноста да присуствува во просториите на детската градинка ,, Коста Поп Ристов Делчев” и заедно со нашите најмлади сограѓани и воспитниот тим ја испратија старата и посакаа добредојде на Новата 2024 година. Престојот беше искористен да ја погледнеме новогодишната приредба подготвена и во изведба на воспитниот тим и дел од дечињата. На сите дечиња кои престојуваат во градинките во Богданци и Стојаково им беа поделени новогодишни пакетчиња обезбедени со средства од буџетот на општина Богданци. Пакетчиња беа поделени и на децата со попреченост во Богданци, на децата од социјално ранливите семејства и на корисниците во Дневниот Центар Гевгелија.