На 16 и 17 Мај СОУ„Богданци“ – Богданци беше домаќин на 41 –те Државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Република Северна Македонија.
На овие натпревари учество зедоа 110 ученици и 110 ментори од 21 училиште кои се натпреваруваа во теоретски, практичен дел и одбрана на стручни трудови.
Пред присутните ученици, наставници, академски професори, советници од Центарот за стручно образование и обука, членови на Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта се обрати Градоначалникот на општина Богданци, господин Блаже Шапов и ги прогласи за отворени овие натпревари.
Меѓу другото, Градоначалникот истакна дека напредокот на општините во современи услови не може да се замисли без локален економски развој и успешно воведување на дуалниот концепт кој им овозможува на учениците стекнување на специфични вештини, работа во реални услови и партнерски однос со компаниите, а ваквите натпреварувања овозможуваат заемна соработка меѓу училиштата и размена на искуства помеѓу учениците.
Овие натпревари беа организирани во соработка со Центарот за стручно образование и обука и Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта.