Денес Градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов, потпиша Договор со Биро за Регионален Развој/Министерство за локална самоуправа за обезбедени финансиски средства за реализација на проектот „ Зголемување на безбедноста во сообраќајот преку утврдување на режим на сообраќај на локални патишта и улици во Општина Богданци “.
Предмет на овој проект е потребата за унапредување на севкупното ниво на сообраќајна услуга, односно зголемување на капацитетот и подобрување на нивото на безбедност на локалните патишта и улици во трите селски населби во општина Богданци.
Финансиската конструкција за реализација на овој Проект, е 3.450.210,00 денари од кои согласно Договорот со БРР/МЛС се обезбедени 2.268.000,00 денари а остатокот од 1.182.210,00 денари се сопствено учество на општината.