Во периодот од 13 до 31 октомври 2025та година на подрачјето на ЕВН КЕЦ Гевгелија ќе отпочнат поголеми електромонтажни зафати на дел од високонапонската електроенергетска напојна мрежа при што ќе се работи со намален електроенергетски капацитет и заради тоа :
– апелираме до сите корисници кои се напојуваат со електрична енергија од конзумот на ЕВН КЕЦ Гевгелија , во овој период да работат со што е можно помала едновремена моќност , односно со помалку вклучени апарати истовремено , како би се избегнало преоптеретување на електроенергетскиот систем.
Се надеваме дека корисниците ќе имаат разбирање и ќе постапуваат согласно нашето известување.
