Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Членови на Здружението Мобилност на прием кај Градоначалникот

Членови на Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија денес остварија средба со Градоначалникот во знак на Благодарност за донацијата на електромоторна количка – скутер за потребите на здружението и тренерки за членовите кои учествуваат на спортски натпреварувања.

Членовите на „Мобилност“ го информираа Градоначалникот за тековните активности и остварените резултати оваа година и за нивните планови во наредните период.

Тие на Градоначалникот му доделија плакета за несебичен придонес во работењето на Мобилност Гевгелија и подобар живот на лицата со телесен инвалидитет.

Градоначалникот им посака успех и добро здравје во Новата Година и ја вети својата поддршка и во наредниот период.

Известување за Локален пат – Влез 1 во Богданци

Се известуваат граѓаните дека од утре, 28.11.2024 година (петок) ќе се започне со подготовка за асфалтирање и асфалтирање на дел од Локален пат – влез 1 во Богданци. За таа цел патот ќе биде целосно затворен за сообраќај и истиот ќе биде пренасочен преку обиколницата се до целосно завршување на градежните активности.

Се замолуваат граѓаните да наидат на разбирање и да ја почитуваат воведената сигнализација со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Известување за одобрена проектна програма за Урбанистички проект со намена Канализациски инфраструктури

Општина Богданци ги известува граѓаните дека одобрена е Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на инфраструктура со намена Е1.6 – Канализациски инфраструктури (фекална и атмосферска канализација) во Богданци, КО Богданци и КО Богданци вон град – општина Богданци тех бр 127/2024 –  У од ноември 2024 изработена од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Јован Костадинов Радовиш, со Решение бр 11-1616/7од 25.11.2024год. од општина Богданци, чиј инвеститор е Општина Богданци ул Маршал Тито бр 62 Богданци.

Јавен повик за учество на тренинг за претприемништво за млади

Македонски Каритас во рамки на проектот Your Job II објавува јавен повик за учество на конкурс за финансирање и започнување на приватен бизнис или социјално претпријатие.

Учество на тренингот е предуслов за конкурирање за неповратни средства за започнување на сопствен  бизнис. Во текот на тренингот, од 20 – 25 млади луѓе, на возраст од 18 до 35 години, ќе имаат можност да развијат вештини и да стекнат нови знаења за пишување бизнис план, започнување и водење сопствен бизнис.

Посебно вниманието ќе биде насочено кон концептите на социјално претприемништво и развој на „зелени бизниси“.

Тренингот (bootcamp) ќе се одржи од 16, 17 и 18 декември, 2024 година.

Можност за учество ќе имаат млади од Општина Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Општина Гевгелија и Општина Богданци. Од сите пријавени кандидати, до 25 лица ќе имаат можност за учество на тренингот.  Пријавата за учество е следниов линк: ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Рок за пријавување: 02 декември, 2024 година, до 16:00 часот.

Целта на Your Job проектот е интеграција на младите од 15 – 35 години на пазарот на труд, преку развивање професионални вештини и создавање деловни можности.

Донатори на проектот се Реновабис Германија и Каритас Австрија.

Проектот се имплементира во шест општини: Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Гевгелија и Богданци.

За дополнителни информации обратете се во канцеларијата на Македонски Каритас, ул. Младинска бр. 113 Струмица, емаил: vangelovska.mk@gmail.com и amladenovski.mk@gmail.com Тел. броеви 072 221 763 и 072 221 733

Покана за учество во креирање на Буџетот за 2025 година

Заедно креираме Буџет за 2025 година

Градоначалникот на општина Богданци ги повикува ѓраѓаните

Општина Богданци е во фаза на подготвување на  Буџетот за 2025 година, со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните во креирање на  Граѓански Буџет за 2025 година , отворени се електронски алатки преку кои секој ѓраѓанин сопствените  предлози и идеи може да ги достави.

Општина Богданци е секогаш тука да ги проследи сите предлози  и заедно со одделенијата да го оцениме приоритетите кои ќе влезат во програмите за 2025 година.

Предлозите и идеите  од денес ќе може да се достават со пополнување на  

  1. Електронскиот анкетниот прашалник. —->линк
  2. На архивата во општина Богданци

На овој начин креираме Буџет на кој приоритетите ги одредуваме заеднички.

Истовремено Градоначалникот на општина Богданци ќе оствари средби/сесии со граѓаните по населените места, со следниот распоред:

18.11.2024 година (понеделник)

17:30 до 18:30  часот во с. Селемли  (Месна заедница)

19.11.2024 година (вторник)

19:00 до 20:00 часот во с. Стојаково  (во дом на култура)

20.11.2024 година (среда)

19:00 до 20:00 часот во Богданци  ( Дом на култура „Бранд Петрушев”)

22.11.2024 година (петок)

18:00 до 19:00 часот во с. Ѓавото (во основното училиште)

Сите  Вие кои имате идеи, предлози за релизација на проекти и решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на средба  со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.

Сите реално остварливи предлози, идеи, пристигнати по електронски пат и по пошта како и од одржаните форумски сесии во наредниот период ќе бидат разгледани и интегрирани во Буџетот  за 2025 година.

Потпишани договори за користење на финансиски средства за реализација на два проекти во општина Богданци

Денес, 28.10.2024 година Градоначалникот на општина Богданци ги потпиша Договорите за користење на финансиски средства со Министерството за транспорт за реализација на два проекти:

  1.  Реконструкција на мост преку река Луда Мара
  2. Рехабилитација на улица Бошко Буха во Богданци

Општина Богданци аплицираше на објавениот  Јавен повик за изразување на интерес  од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА- Инфраструктурни проекти во  општините за 2024 година. Општината аплицираше со овие два проекти, и врз основа на Одлуката за користење на капитални дотации до единиците на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на транспорт за 2024 година, одобрени се финансиски средства во износ од:  17.682.940,00 мкд за  проектот „Реконструкција на мост преку река Луда Мара“, и 2.021.340,00 мкд за проектот „Рехабилитација на улица Бошко Буха во Богданци“.

Проектите ќе овозможат  унапредување на локалната инфраструктура во општина Богданци,подобрување на квалитетот на живот преку изградба на современа и функционална инфраструктура како и Зголемување на безбедноста во сообраќајот и на економскиот раст и развој во општина Богданци.

Јавен повик за финансирање на културните активности од Буџетот на општина Богданци за 2025 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14 а во врска со член 16 став 1 точка 5 од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник  на Општина Богданци“ бр.04/05, 04/11, 04/15, 09/19, 02/20 и 11/21), Градоначалникот на Општина Богданци објавува


ЈАВЕН ПОВИК 

за финансирање на културните активности од Буџетот на

Општина Богданци за 2025 година

             Право на учество имаат здруженија на граѓани и други правни и физички лица од областа на културата кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

             Здруженијата на граѓани и другите правни и физички лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
– да придонесат за збогатување на културниот живот во општината; 
– да придонесат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Богданци;
– да го поттикнат и афирмираат културното творештво  на младите уметници;
– да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

-да обезбедат континуитет на традиционалните културно уметнички манифестации кои се од локален карактер.

               Потребна документација која здруженијата на граѓани и други правни и физички лица од областа на културата треба да ја достават:

– Документација од извршена регистрација на субјектот- за здруженија на граѓани и правни лица (копија од тековна состојба);
– Годишна програма за работа за 2025 година или План за активности за 2025 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2024 година (до денот на поднесување на пријавата);  

            Рок и начин на доставување на пријавите 
             Крајниот рок за поднесување на пријавите е 11.11.2024 година (понеделник) до 16 часот.
            Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса: Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62, 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на културата за 2025 година“.       

Резултатите од јавниот повик ќе бидат објавени во Програмата за финансирање на културните активности во општина Богданци за 2025 година која ја донесува Советот на општината на крајот од годината и истата се објавува во „Службен гласник на Општина Богданци“ и на веб страницата на Општина Богданци, www.bogdanci.gov.mk .

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |