Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Известување за прекини на водоснабдувањето во Богданци

Се известуваат граѓаните на Богданци дека утре – четврток (13.04.2023 година) и вторник (18.04.2023 година) во периодот од 08.00 до 12 часот ќе има прекин на водоснабдувањето за целото населено место поради зафати на новиот водоводен систем.

.

Јавен повик

Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13 во рамки на проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во општините Богданци и Дојран“ објавува

Јавен повик

За ангажирање на 4 млади лица – 2 од општина Богданци и 2 од општина Дојран за следење на менторски обуки за професионално обучување за дијагностика и сервис на електронски уреди (телефони, таблети, компјутери и бела техника – мали апарати). Обуките ќе се одржат во периодот од мај 2023 до февруари 2024 година.

На лицата кои ќе бидат ангажирани ќе им биде ставена на располагање соодветна опрема за дијагностика и сервис на електронски уреди, во простории опремени за таа намена во соодветните општини.

Обуките ќе ги одржува искусно и професионално лице од областа на поправка на електронски уреди.

На волонтерите кои ќе бидат селектирани ќе им биде исплатен надоместок за основни трошоци за времетраење на обуката.По завршување на обуката ПОЛИМАТ 13 не презема одговорност за вработување на обучените кандидати.

Пријавувањето се врши на електронската адреса info.polymath13@gmail.comсо назнака „Пријава за јавен повик“. Заинтересираните кандидати треба да достават мотивациско писмо и кратка биографија најдоцна до 23 април 2023 година.

ПОЛИМАТ 13 ќе направи селекција на пријавените кандидати, водејќи грижа за еднаква родова, етничка и социјална застапеност. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Завршено средно образование;
  • Возраст од 18 – 30 години;
  • Основни познавања на различни електронски уреди;
  • Одговорно и посветено присуство на сите менторски сесии;
  • Активно искористување на стекнатото знаење во локалната заедница.

Контакт лице за сите прашања кои ги имате во врска со повикот е Надица Маџирова, Проектен координатор, моб. 075/393-306.

Проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во општините Богданци и Дојран“ е финансиран од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ ПМГ), а го спроведува Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13, во партнерство со Општина Богданци и Општина Дојран.

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу општина Богданци и Мрежа за рурален развој на Северна Македонија

Денес, 06.04.2023 година, во просториите на општина Богданци, се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Општина Богданци и Мрежа за рурален развој на Северна Македонија со партнерот ЛАГ Бојмија и партнерите во проектот, ТУРАН Иван ДООЕЛ увоз-извоз Богданци, НЕОКОМ АД Скопје, Риве Шпед ДООЕЛ Богданци, ЗГ „Центар за животна средина и одржлив развој“и ЈП „Комунална чистота“ – Богданци за реализација на проектна иницијатива на територијата на ЛАГ Бојмија.

Меморандумот ги објаснува главните насоки за идна соработка помеѓу партнерите во спроведување на проектната иницијатива „Намалување на негативното влијание врз животната средина преку изградба на крак од фекална канализација во индустриска зона м.в. „Барта“ во Богданци“поддржана од проектот „Програма за развој на заедницата“, финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, а имплементиран од страна на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.

Финансиските средства за реализација на проектната активност се обезбедени со кофинансирање на трошоците од страна на Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД –  „Програма за развој на заедницата“, општина Богданци и другите партнерите во проектот,ТУРАН Иван ДООЕЛ увоз-извоз Богданци, НЕОКОМ АД Скопје, Риве Шпед ДООЕЛ Богданци, ЗГ „Центар за животна средина и одржлив развој“,и ЈП „Комунална чистота“.

Овој меморандум претставува темел за понатамошна соработка помеѓу засегнатите страни, која ќе се развива врз основа на меѓусебно разбирање, доверба и координација за да се обезбеди што поквалитетна услуга на сите засегнати страни од областа на развој на заедницата.

Соработката има за цел изградба на крак од фекална канализација во индустриската зона Барта со што ќе се подобри управувањето со отпадни води во индустриската зона преку соработка на локалната заедница, кое од друга страна ќе овозможи подобри услови за живот на локалното население.

Ќе се започне со реконструкција на системот за водоснабдување во Богданци

Се известуваат граѓаните на Богданци дека деновиве правното лице „Конструктор“ Скопје ќе  започне со градежни активности со цел имплементација на проектот „Реконструкција на системот за водоснабдување во Богданци“.

Станува збор за договор вреден 250 милиони и 228 илјади денари или околу 4 милиони и 68 илјади евра склучен помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и изведувачот „Конструктор“,  со кој во наредните три години треба целосно да се реконструира дистрибутивната водоводна мрежа во Богданци.

Со реконструкцијата ќе бидат опфатени сите 179 крака од водоснабдителната дистрибутивна мрежа во Богданци со реконструкција на постоечките шахти, хидранти. Паралелно ќе се изврши и замена на околу 2157 приклучоци-водомери со инсталација на нови, за далечинско отчитување на потрошената вода. Сето ова може да предизвика прекин на водоснабдувањето во деловите каде ќе се извршуваат овие активности, за што ги замолуваме граѓаните да наидат на разбирање.

Активностите ќе започнат од „Резервоарот“ во Богданци, дел од улица „Осоговски“, дел од улица „Дојранска“ и „Мирче Ацев“ до улица „Маршал Тито“.

За секоја наредна делница, пред да се започне со градежни активности со цел реалицација на овој проект, граѓаните ќе бидат дополнително известени.

Мобилна гинеколошка амбуланта за бесплатни гинеколошки прегледи

ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА ВО БОГДАНЦИ, ПОЧНУВАЈЌИ ОД ПОНЕДЕЛНИК (03.04.2023г.), МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО, УНФПА, МАГО И МАКЕДОНСКОТО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО ВО СОРАБОТКА НА ЦРВЕН КРСТ НА РСМ, ВО БОГДАНЦИ, ЌЕ СПРОВЕДУВААТ БЕСПЛАТНИ ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ И ПАП ТЕСТ. МОБИЛНАТА АМБУЛАНТА ЌЕ БИДЕ ЛОЦИРАНА ВО ЦЕНТАРОТ НА БОГДАНЦИ (ВО ГОРНИОТ ПАРК). ПРЕГЛЕДИТЕ ЌЕ БИДАТ СО ЗАКАЖУВАЊЕ. СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ТРЕБА ДА СЕ ЈАВАТ ВО ОПШТИНАТА НА ТЕЛЕФОН 034/222-333 ИЛИ ДА ДОЈДАТ ЛИЧНО (КАЈ ВАНГЕЛИЦА) ДА ИМ СЕ ЗАКАЖЕ ТЕРМИН. ПРЕГЛЕДИТЕ ЌЕ СЕ ИЗВРШУВААТ СЕ ДОДЕКА ИМА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЛИЦА.

НЕ ОДЛОЖУВАЈТЕ. ПРЕГЛЕДАЈ СЕ. ЗАШТИТИ СЕ.

Дипломатски економски караван низ дел од општините во Југоисточниот Плански Регион

На 21 март 2023 година, во Дојран, градоначалникот на општина Богданци г-ин Блаже Шапов оствари средба со дипломатските претставници на резидентните и нерезидентните Амбасади во РСМакедонија, во рамки на Дипломатски економски караван – ДЕК низ дел од општините во Југоисточниот плански регион, организиран под покровителство на Министерството за надворешни работи, а во соработка со Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Целта на настанот беше сите десет општини и дел од компаниите од Југоисточниот регион да ги претстават своите потенцијали и можности за инвестирање пред претставници на повеќе од  20 – тина дипломатски претставништва во земјава.

На средбата во Дојран, општина Богданци ги презентираше  економските капацитети и можности за финансирање на проекти за подобрување на инфраструктурните услови во посоечките индустриски зони.

Покрај општината, свои презентации од различен аспект, а заради ограничениот број на учесници согласно протоколот,  имаа три компании од општина Богданци-Баџо, Бреботекс и Органик Нар.

Глобален еколошки фонд, Програма за мали грантови

Наслов на проектот: Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во општините Богданци и Дојран

Контакт: Надица Маџирова, Проектен координатор,

Е-пошта: nadicamadzirova@gmail.com, info.polymath13@gmail.com

Моб: 075/393 306

Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13 ќе го спроведува проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во општините Богданци и Дојран“ во времетраење од 15 месеци во периодот од јануари 2023 година до март 2024 година.

Проектот има за цел да промовира одржливо и совесно управување со електричен и електронски отпад и минимизирање на негативните влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето предизвикани од создавањето и управувањето со отпад.

Проектните активности кои ќе се спроведуваат на територијата на општините Богданци и Дојран опфаќаат:

1. Кампања за поправка на материјали од електричен и електронски отпад и промоција на проектните активности;

2. Организирање и опремување на простор со опрема за поправка на стара ИТ опрема, бела техника и мобилни телефони;

3. Јакнење на капацитетите на претставници на граѓанскиот сектор и менторство и обука на четворица млади заинтересирани за справување со електричен и електронски отпад.

Вкупниот буџет на проектот е 35 953 САД$, од кои 19 593 САД$ се обезбедени од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ ПМГ), а преостанатите средства се учество на Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13, Општина Богданци и Општина Дојран.

Дополнителни информации за уредниците

ГЕФ ПМГ Северна Македонија

Во Северна Македонија ГЕФ ПМГ официјално започна со работа во мај 2005. Во периодот 2005- 2022 финансирани се 158 проекти со вкупно доделена сума 2,980,534 САД$ и генерирајќи кофинансирање во износ од 3,259,808 САД$. При тоа се остварени следните резултати во централните области: Биодиверзитет: In-situ заштитени 15 автохтони и глобално значајни видови: 1. Лилјаци 2. папрат Osmunda Regalis 3. Овца Праменка, 4. Крава Буша, 5/6. Локален вид на јаболка (циганка) и круша (сулија), 7/8. македонска речна пастрмка и речен Вретенар (Zingel Balcanicus), 9. Македонска пчела (Apis mellifera macedonica), 10. Жолт локвањ (Nuphar luteum), 11. Воден Бивол 12. Шарпланинец, 13. Домашна кокошка сребра, 14. Домашното магаре и 15. Домашната балканска коза; Климатски Промени: прв систем за изнајмување на велосипеди (Скопје), прво производство на биодизел, 12 Енергетски ефикасни училишта, енергетски ефикасно осветлување во 8 градови, намалување на 1200 Тони CO2/год и Неразградливи органски загадувачи НОЗ/хемикалии: околу 30% од пластичен отпад е попречено од горење и на тој начин е спречено испуштање на емисиите на диоксини/фурани во воздухот, селектирани и рециклирани 50.000 кг пластичен отпад, од 2020 финансиски помага за прв пат собирање и правилно расклопување на користени неонски сијалици, е-отпад; од 2021 користење на текстилниот отпад и користена облека во нови производи, дијагностика и поправка на електронскиот отпад – расипани мали домашни апарати,  компјутери и мобилни телефони и нивно повторно користење

Глобален еколошки фонд ГЕФ (www.TheGEF.org)

ГЕФ обединува 183 земји во партнерство со меѓународни институции, невладини организации и приватен сектор со цел да се адресираат глобалните еколошки проблеми истовремено поддржувајќи национални одржливи развојни иницијативи. Денеска ГЕФ е најголем финансиер на проекти кои ја подобруваат животната средина. Како независна финансиска организација, ГЕФ обезбедува грантови за проекти од областите на биолошка разновидност, климатските промени, меѓународни води, деградација на земјиштето, озонската обвивка и хемикалии/неразградливите органски загадувачи.

Од 1991, ГЕФ остварува докажани резултати со земјите во развој и земјите со економии во транзиција, доделувајќи 119 САД$ милијарди во кофинансирање преку 5,186 проекти во над 164 земји. Преку Програмата за мали грантови, ГЕФ обезбеди поддршка на преку 25000 проекти на здруженија во 133 земји

Програма на Обединетите Нации за развој (www.undp.org)

Програмата на Обединетите Нации за развој е присутенa во 170 земји и територии со цел да се искорени сиромаштијата истовремено заштитувајќи ја планетата. Им помага на земјите да развијат силни политики, вештини, партнерства и институции за да можат да го одржат својот напредок. Исто така соработува со сите нивоа на општеството за да помогне во изградбата на нации кои можат да издржат кризи и да поттике подобрување на квалитетот на животот за секого. Како развојна агенција na Обединетите Нации игра значајна улога со помош на земјите да ги достигнат Одржливите развојни цели.

ГЕФ Програма за мали грантови ПМГ (www.sgp.undp.org)

Основана на Самитот за планетата Земја во Рио во 1992, ГЕФ ПМГ поддржува здруженија на граѓани – ЗГ во нивните активности кон намалување на климатските промени, конзервација на биолошката разновидност, заштитата на меѓународните води, намалување на влијанието на хемикалиите/ неразградливите органски загадувачи, спречување на деградацијата на земјиштето и истовремено генерирајќи одржлива егзистенција. Ги втемелува основите на одржливиот развој преку „мисли глобално делувај локално“. Овозможува финансиска и техничка поддршка за зачувување и заштитување на животната средина зајакнувајќи ја благосостојбата на заедниците. ПМГ покажува дека локаната акција може да ја одржи рамнотежата помеѓу човечките потреби и еколошките цели.Од своето постоење ПМГ има доделено над 25.000 грантови во 133 земји. Финансирана од ГЕФ како корпоративна програма, Програмата за мали грантови – ПМГ е спроведувана од УНДП.

СОС Детско село во Богданци со штанд „Стани згрижувач!“

Тим на СОС Детско село од Скопје во работна посета на југот каде постави свои штандови за поддршка за згрижувачки семејства во Македонија кои ќе го отворат својот дом за грижа на деца без родители.

Иако на празничен ден, посветениот тим на СОС Детско село од Скопје вчера беше во работна посета на југот, во општините Дојран и Богданци каде постави свои штандови за поддршка за згрижувачки семејства во Македонија кои ќе го отворат својот дом за грижа на деца без родители.

Празнично и работно тие се среќаваа со граѓаните од локалните средини со цел да им испорачат честитка насловена како „Прегратка за рамноправност!“ и виолетови ружи и лалиња, цветови со меѓународната боја на рамноправноста.

Во Македонија оваа хумана згрижувачка мисија на деца без родители прифатиле да ја обавуваат 286 жени, а само 77 мажи. Тоа значи дека од вкупниот број на 363 активни згрижувачи во Македонија 73% се жени, а само 21% машки згрижувачи, што е статистика која ги отсликува половите стереотипи во однос на тоа дека грижата за децата е обврска на жените.

Тимот на СОС „Детско село“ преку штандот „Стани згрижувач“ во 8-мо Мартовскиот празничен ден ги повикаа граѓаните на Богданци и Дојран кои имаат желба и услови да станат згрижувачи на деца без родителска грижа да се приклучат на оваа хумана визија обезедувајќи топол дом на децата кои сега го немаат тоа.

Да се стане згрижувач значи да се стане подобра верзија од себе, отварајќи го срцето и домот за дете на кое му е неопходна родителска грижа, зошто секое дете без родители заслужува да живее со лица кои ќе сакаат да пружат родителска грижа, зошто во семејство поубаво, похумано и пољубено се расте.

Сите заинтересирани да се вклучат во оваа хумана мисија за повеќе информации за згрижувачките семејства можат да ја посетат страницата https//zgrizuvanje.mk или Fb.com/zgrizuvanje.mk или да се обратат за повеќе информации на телефонскиот број 075/277-447.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |