Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Реализирана акцијата за пошумување – засадени 20000 садници

Акцијата за пошумување која ја организираше Општина Богданци во соработка со Подружница ШС ,,Кожуф” Гевгелија, денес, 21.12.2022 година, заврши по планираното. Акцијата се одвиваше на опожарениот дел кај брана Паљурци, каде минатата година изгореа околу 50 хектари површина. Се пошумуваше на парцела од 10-тина хектари  каде беа засадени околу 20000 парчиња на чемпрес и бор.

Благодарност до учениците од СОУ ,, БОГДАНЦИ ” Богданци, ООУ,,Петар Мусев” и нивните наставници, до Директорот на Подружница ШС ,,Кожуф” Гевгелија, членовите од планинарското друштво Кожув Гевгелија, до ЈП Комунална Чистота и до општинската администрација.

Потпишан договор за доделување грант на Општините Богданци и Гевгелија за развој на социјалните услуги

Општина Богданци е дел од 17 -те општини кои се добитници на грант за развој на социјални услуги на локално ниво, која врз основа на меѓуопштинска соработка ќе го реализира заедно со Општина Гевгелија. Имено, двете општини аплицираа на Вториот јавен повик за изразување интерес за грант за развој на социјални услуги, распишан од Министерството за труд и социјална политика. Градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и секретарот на Општинската организација на Црвен крст- Гевгелија, Лазар Мешков, во Клубот на пратеници во Скопје, го потпишаа Договорот за доделување грант со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.
            Од страна на МТСП, за воведувањето и давање на услугата лична асистенција на лица со попреченост, на Општина Богданци и Општина Гевгелија им се одобрени средства во висина од 7.131.336 денари,  а двете општини ќе учествуваат со сопствени средства во висина од 277.912 денари. Општинската организација на Црвен крст- Гевгелија како давател на услугата ќе учествува со 129.600 денари. Вкупниот буџет за реализација на проектот изнесува 7.538.848 денари.
             Проектот за подобрување на социјалните услуги е финансиран со средства од заем на Светската банка.

Известување за акција-пошумување

Почитувани,

Ве информираме дека Општина Богданци ќе организира акција-пошумување.Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да се вклучат во акцијата на ден 21.12.2022 год (среда), во 10:00 часот.Локацијата за пошумување е брана ,,Паљурци”.

Последен поздрав на нашата почитувана колешка

Со големо жалење Општина Богданци денес ќе се прости од нашата почитувана долгогодишна колешка, Јованка Ампова.

Општина Богданци изгуби професионалец во областа на животната средина, кој ќе биде долго запаметен од колегите, соработниците и сите оние со кои градеше успешен однос на соработка.

Големите луѓе никогаш не умираат, засекогаш остануваат во срцата и драгите спомени.
Вашата добрина и ведар дух ќе остават вечен печат на времето поминато заедно, а Вашето име со светли букви засекогаш запишано во аналите на Општина Богданци .
Почитувана колешке, почивајте во мир и нека Ви е светол патот кон вечноста.

Вечна слава!!!

Покана за хуманитарен настан

Почитувани граѓани

По повод 3 ти Декември светскиот ден на лицата со попреченост Дневниот центар во соработка со НУ Музеј Гевгелија организира хуманитарен настан на кој ќе бидат изложени рачни изработки од корисниците на Дневниот центар. По тој повод Ве покануваме да бидете дел од овој настан.

Локација : Уметничка галерија Амам –Гевгелија

Дата 02.12 – петок со почеток од 16 часот.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во работна посета на Општина Богданци

Во работна посета на Општина Богданци денес беше Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој беше примен во кабинетот на градоначалникот Блаже Шапов каде се разговараше за најновите измени на Законот за градење, а кои се однесуваат на олеснување на постапката за поставување на фотонапонски панели за домаќинствата и компаниите.

Со измените на овој закон се поедноставува процедурата за поставување на фотонапонски електроцентрали на објектите и тоа до 6 киловати за домаќинствата и до 40 киловати за компаниите. Клучно е што процедурата е без административни постапки и не е потребно издавање на одобрение за градење од локалната самоуправа. 

Инвеститорите се сега должни само да ја известат Општината и да ги достават потребните документи. За правни лица ќе биде потребен извод од Централен регистар, а за физички лица копија од лична карта, потоа имотен лист за објектот на кој се поставува и основен проект.  Доколку објектот не е во сопственост на инвеститорот, се доставува договор или согласност од сопственикот на објектот, како и основен проект за фотонапонска електроцентрала до 6 киловати за домаќинствата, односно до 40 киловати за компаниите.

Министерот изјави дека општина Богданци е пионер во искористување на обновливите извори на енергија и ги повика граѓаните да ги искористат измените на законот и да пристапат кон поставување на вакви објекти со цел да му помогнеме на електроенергетскиот систем но и на самите себе и да придонесеме за плаќање на пониски сметки во претстојниот период.

„Се надевам дека во претстојниот период ќе се јави зголемен интерес за инвестиции во овој дел, како од страна на физичките така и од правните лица“ – изјави градоначалникот Блаже Шапов и ги повика заинтересираните странки да се информираат за упростената процедура во Одделението за урбанизам и градежништво на општина Богданци. Никола Гогов од Богданци е првиот во нашата општина кој ги искористи измените на Законот за градење и постави фотонапонски панели на својот објект за домување.

На работната средба се разговараше и Заобиколницата во Богданци која е во фаза на реализација и за патниот правец Делница од Регионален Пат Р 1109 “Понов Мост“ до „Заобиколница“ Богданци за кој Градоначалникот изјави дека документацијата е комплетирана, следува тендерирање а на пролет и негова реализација.

Покана за учество во креирање на Буџетот на општина Богданци за 2023 година

Општина Богданци е во фаза на подготвување на  Буџетот за 2023 година. Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, Ве повикуваме да го пополните овој анкетен прашалник —->линк

На овој начин ќе овозможите поголема информираност на локалната самоуправа за вистинските проблеми и создавање на Буџет кој ќе ги задоволи најголемиот дел од потребите на граѓаните.

Истовремено Градоначалникот на општина Богданци ќе оствари средби со граѓаните по населените места, со следниот распоред:

22.11.2022 година

18:00 до 19:00 часот во с. Селемли  (во основното училиште)

23.11.2022 година

18:00 до 19:00 часот во с. Ѓавото (во основното училиште)

24.11.2022 година

18:00 до 19:00 часот во с. Стојаково  (Дом на култура)

25.11.2022 година

18:00 до 19:00 часот во Богданци  ( Дом на култура „Бранд Петрушев)

Сите  Вие кои имате идеи, предлози за релизација на проекти и решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на разговор со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.

Сите реално остварливи предлози, идеи, во рамки на можностите  на општина Богданци  ќе видат интегрирани во буџетски програми за 2023 година.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |