Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Продолжено работното време на угостителските објекти во Богданци на 29.09.2023

Советот на Општина Богданци на седницата одржана на 28.09.2023 година, донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти  во Богданци за ден 29 септември 2023 година (петок наспроти сабота).

            Согласно донесената одлука Ве известуваме дека работното време на угостителските објекти во  Богданци на ден 29 септември 2023 година (петок наспроти сабота) ќе биде продолжено за два часа.

Известување за планиран прекин на напојување со електрична енергија 20.09.2023

Почитувани,

Согласно добиените податоци од Електродистрибуција Гевгелија, без напојување со електрична енергија на 20.09.2023 (среда) од 10:00 до 11:00 часот ќе бидaт дел од корисниците од јужниот и источниот дел на  Богданци , Беровска мала и излез кон Млаз (вклучително индустриските објекти  Оранжерии Воденичар , Бреботекс , Млекара, Бовекс и други), заради интервенција на водот.

МЗШВ Подрачна единица  – Гевгелија

Во МЗШВ ПЕ Гевгелија од 04.09.2023 започна доделувањето на платежни картички за зелена нафта. Право на користење на оваа мерка имаат 1576 земјоделски стопансатва од регионот на општините Гевгелија, Богданци и Дојран. На територија на целата држава ќе бидат доделени близу 49 илјади платежни картички со вкупна вредност од 275 милони денари наменети за точење надизел гориво за земјоделска механизација.

Сите земјоделски производители кои поднеле барање за субвенции за 2022 година потребно е да се јават лично со важечка лична карта во просториите на Подрачната единица на МЗШВ во Гевгелија, секој работен ден од 08.30 до 15 часот за да ги подигнат своите платежни картички за зелена нафта. Во зависност од големината на засадената површина и видот на културата, корисниците се стекнуваат со платежна картичка за точење на дизел гориво на бензинските пумпи на Макпетерол А.Д. со минимален износ од 500 ден, до максимален износ од 100.000 денари. Користењето на подигнатите карички за зелена нафта е со рок до крај на Април, 2024 год.

Прекин на електричната енергија на 16.08.2023

Почитувани,

Согласно добиените податоци од ЕВН Електродистрибуција Гевгелија, Ве известуваме дека на ден 16.08.2023 год, (среда), од 10.30ч до 12.00ч, ке има прекин во снабдување со електрична енергија, поради неопходен технички зафат.

Локации: Нако Вардарски, Првомајска, Дојранска, Изворска, Општина Богданци и околината, Пумпи Дубрава, Кланица, Дубрава Опруги и Рапид гас.

Најава за прекин во испораката на електрична енергија на 25.07.2023

Почитувани,

Согласно добиените податоци од ЕВН Македонија – КЕЦ Гевгелија, без напојување со електрична енергија на 25.07.2023 од 06:00 до 10:00 часот ќе бидaт дел од корисниците од јужниот и источниот дел на Богданци , Беровска мала и излез кон Млаз (вклучително индустриските објекти Оранжерии Воденичар , Бреботекс , Млекара, Бовекс и други), заради интервенција на водот.

Теристичка дезинсекција против возрасни комарци на 18.07.2023 година

Општина Богданци ги известува граѓаните дека на ден 18.07.2023 година (вторник) од 20.00 часот, ќе се врши теристичка дезинсекција на подрачјето на општината против возрасни комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |