Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Водата од системот за водоснабдување во Богданци до четврток да се користи само како техничка

Се известуваат граѓаните на Богданци дека поради дефект на водоводната мрежа да не ја користат водата за пиење и готвење започнувајќи од денес, вторник (25-ти Април)  заклучно со четврток (27 – ми април). Водата од системот за водоснабдување овие три дена да се користи само за техничка употреба.

Се надеваме на разбирање.

УЧЕНИЦИ ОД ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ЈА ПОСЕТИЈА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Во рамки на наставните активности по предметот техничко образование, тема: Сообраќај – Регулирање и безбедност во сообраќајот, денес учениците од петто одделение од ООУ Кирил и Методиј Стојаково, заедно со наставничката Мими Карагошева Данаилова, остварија средба со Градоначалникот Блаже Шапов.

Учениците побараа помош од Градоначалникот да се реши проблемот со избледениот пешачки премин пред училиштето и беше договорено во петок, на часот по техничко образование учениците заедно со Градоначалникот да го обноват истиот, за што општината ќе ги обезбеди потребните материјали.

Известување за планиран прекин на напојување со електрична енергија на 26.04.2023

Согласно добиените податоци од Електродистрибуција Гевгелија, без напојување со електрична енергија на 26.04.2023 (среда) од 09:00 до 14:00 часот ќе бидaт корисниците Рапид Гас, Макпетрол, Десива, Магнум, Брана Паљурци и Ресторан Елита, заради реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа.

Трка со магариња и коњи на 1-ви мај во Стојаково

Седумдецениската традиција во Стојаково, атрактивната трка со магариња и коњи и оваа година ќе привлекува голем број домашни и странски гости!

Општина Богданци и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот склучија меморандум на соработка со цел туристички развој на еко-руралните средини и промоција на традиционалните активности во регионот.

Населено место Стојаково е пример дека традицијата што грижливо се негува и чува трае навистина долго. Уште во далечната 1951 година почна да се организира трката со магариња и коњи, која традиционално и оваа година ќе се одржи на 1ви мај, во рамки на културно спортската манифестација по повод меѓународниот Ден на трудот.

За Велигден продолжено работно време на угостителските објекти

Советот на Општина Богданци на седницата оддржана на 11.04.2023 година, донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Богданци за ден 15 април 2023 година (сабота наспроти недела).

            Согласно донесената одлука, Ве известуваме дека работното време на угостителските објекти во Општина Богданци на 15 април 2023 година (сабота наспроти недела) ќе биде продолжено за два часа.

Ликовна работилница на тема „Велигден“

По повод претстојниот и најголемиот празник Велигден, денес, 12-ти Април  од страна на Дом на Култура „Бранд Петрушев“ Богданци беше организирана празнична ликовна работилница на која учествуваа дечињата од големите групи од Детската Градинка „Коста Поп Ристов  Делчев“. Децата изработија цртежи на тема „Велигден“ кои ќе бидат изложени во просториите на Домот и достапни за сите посетители утре, 13-ти Април во 19.00 часот. Настанот беше поздравен и од страна на Градоначалникот, Блаже Шапов, кој имаше можност да поразговара со најмалите и  да ужива заедно со нив во оваа предпразнична атмосфера.

Известување за прекини на водоснабдувањето во Богданци

Се известуваат граѓаните на Богданци дека утре – четврток (13.04.2023 година) и вторник (18.04.2023 година) во периодот од 08.00 до 12 часот ќе има прекин на водоснабдувањето за целото населено место поради зафати на новиот водоводен систем.

.

Јавен повик

Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13 во рамки на проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во општините Богданци и Дојран“ објавува

Јавен повик

За ангажирање на 4 млади лица – 2 од општина Богданци и 2 од општина Дојран за следење на менторски обуки за професионално обучување за дијагностика и сервис на електронски уреди (телефони, таблети, компјутери и бела техника – мали апарати). Обуките ќе се одржат во периодот од мај 2023 до февруари 2024 година.

На лицата кои ќе бидат ангажирани ќе им биде ставена на располагање соодветна опрема за дијагностика и сервис на електронски уреди, во простории опремени за таа намена во соодветните општини.

Обуките ќе ги одржува искусно и професионално лице од областа на поправка на електронски уреди.

На волонтерите кои ќе бидат селектирани ќе им биде исплатен надоместок за основни трошоци за времетраење на обуката.По завршување на обуката ПОЛИМАТ 13 не презема одговорност за вработување на обучените кандидати.

Пријавувањето се врши на електронската адреса info.polymath13@gmail.comсо назнака „Пријава за јавен повик“. Заинтересираните кандидати треба да достават мотивациско писмо и кратка биографија најдоцна до 23 април 2023 година.

ПОЛИМАТ 13 ќе направи селекција на пријавените кандидати, водејќи грижа за еднаква родова, етничка и социјална застапеност. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Завршено средно образование;
  • Возраст од 18 – 30 години;
  • Основни познавања на различни електронски уреди;
  • Одговорно и посветено присуство на сите менторски сесии;
  • Активно искористување на стекнатото знаење во локалната заедница.

Контакт лице за сите прашања кои ги имате во врска со повикот е Надица Маџирова, Проектен координатор, моб. 075/393-306.

Проектот „Одржливо управување со електронски отпад – сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во општините Богданци и Дојран“ е финансиран од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ ПМГ), а го спроведува Здружението за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13, во партнерство со Општина Богданци и Општина Дојран.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |