Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Второ прскање против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 25 и 26 Јули 2022 година, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни комарци со следниот распоред:

  • На  25.07.2022 (Понеделник), во општините Струмица и Гевгелија;
  • На 26.07.2022 (Вторник), во општините Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче, Ново Село и Радовиш.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден,  кога временските услови ќе бидат подобри.

Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства во период од 04.30 до 10.00 часот.

Денес се празнува Света Недела – За многу години!

На 20 јули жителите на Стојаково традиционално секоја година го прославуваат патронот на Православната црква „Света Недела“, заштитничка на ова населено место, или народно кажано, мештаните во духот на своите обичаи го одбележуваат Панаѓурот во Стојаково. Таа е закрилничка и молитвеница пред Бога за сите оние што ќе ја побараат нејзината помош.  Света Недела е празник на честа, посветеноста на верата и вербата. Им посакувам на сите граѓани од ова населено место овој голем и важен ден за нив да го поминат во добро здравје и убаво расположение. Честит панаѓур!

Прва ларвицидна дезинсекција против комарци во Југоисточниот регион

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 12 и 13 Јули 2022 година, во периодот помеѓу 09 – 16 часот ќе се изврши теристичка (по земја) апликација на средство за уништување на ларви од комарци и тоа со следниот распоред:

  • На 12.07.2022 (Вторник), во општините Валандово, Дојран, Гевгелија, Богданци, Радовиш и Конче;
  • На 13.07.2022 (Среда), во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Ова е прва ларвицидна дезинсекција од предвидените две кои се планираат да се спроведат на подрачјето на Југоисточниот плански регион. Со еден третман ќе биде опфатена површина од 82 хектари.

Предавање на опрема за ТППЕ – Гевгелија

На ден 13.06.2022 година согласно предходните взаемни консултации, Градоначалникот на општина Богданци, Г-ин Блаже Шапов, во просториите на ТППЕ Гевгелија,  изврши предавање на значителна противпожарна опрема.

Опремата е набавена во рамките на проектот,,Зајакнување на општинските совети“ финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка. (SDC), спроведуван од Програма за развој на обединетите нации (УНДП)  како дел од поддршката на општините односно Територијалните Противпожарни Единици.

Изведување на градежни работи на улицата Ѓуров Дол во Богданци

Почитувани,

Заради изведување на градежни работи на завршетокот од улицата Ѓуров Дол во Богданци, односно поставување на лепеза, сообраќајот на овој потег од улицата почнувајќи од денес (11.06.2022) па се до завршување на активностите ќе биде оневозможен. За таа цел отворен е спореден пат. Се надеваме на разбирање.

Соопштение за членовите на Општинско здружение на пензионери

Започнувајќи од 04.05.2022 година општинското здружение на пензионерите-Богданци започна соработка со општина Богданци според која за членовите на здружението ќе се обезбеди еден основен пакет на услуги со работно ангажирање на 2 лица (негувател за стари лица) во рамките на програмата за општинско корисна работа (Проект: Креирање можности за работа за сите и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2022) при што се повикуваат сите пензионери членови на ОЗП-Богданци кои се заинтересирани за добивање на овој пакет услуги да се пријават во канцеларијата на ОЗП-Богданци во Богданци

Јавен повик за учество во Програмата за општинско корисна работра

Општина Богданци ги повикува сите евидентирани невработени лица (активни баратели на работа) жители на општина Богданци кои своето вработување сакаат да го решат во рамките на програмата за општинско корисна работа (Проект: Креирање можности за работа за сите и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2022) да се пријават во центарот за вработување Гевгелија– дисперзирана канцеларија Богданци со пополнување на пријава за учество во програмата за ОКР и изјава за согласност.

На јавниот оглас може да се пријават невработени лица од следните целни групи:

–       Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)                    

–       Млади лица до 29 години

–       Лица постари од 50 години

–       Невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19

–       Лица корисници на гарантирана минимална помош

–       Лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

–       Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

–       Жртви на семејно насилство

–       Лица со попреченост

–       Жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници

–       Лица припадници на ромската етничка заедница

–       Лица на кои им е решен статусот со лична документација

–       Самохрани родители

–       Родители на деца со пречки во развојот

–       Родители на 3 и повеке деца

–       Лица со незавршено средно или пониско образование

За проектот во општина Богданци ќе се ангажираат 2 (две) лица за период од 9 (девет) месеци со скратено работно време (20 работни часови неделно) со месечен надоместок од 9000 денари со вклучен персонален даноки осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување за следните работни места:

  • 2 позиции: 2 негуватели за стари лица

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучувањето на договор со невработените лица.

Јавниот оглас е отворен од 06.06.2022 до 15.06.2022 година.

Ученици од ООУ „Петар Мусев“ во работна посета на Градоначалникот

На ден 10.05 и 11.05.2022 година, третоодделенците од ООУ ,, Петар Мусев“, беа во работна посета на градоначалникот на Општина Богданци. Тие одблизу и преку директна комуникација се запознаа со начинот на функционирање на локалната самоуправа.

Поставувајќи му прашања, децата научија кои се надлежностите на Општината, со кои проблеми се соочува Градоначалникот и како ги решава истите. Учениците беа информирани за работата на градоначалникот и советот на општината каде на непосреден начин се решаваат проблемите на граѓаните. На овој начин, основците од ова училиште, слушнаа како функционира една општина, што како наставна содржина го изучуваат по предметот ,,Општество’’. Оваа средба ја искористија како можност да ги искажат своите желби и предлози за проекти кои им се потребни во иднина.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |