Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Унапреден локален развој во 24 општини преку програмата „Зајакнување на општинските совети“

На ден 24.03.2022 година во хотел Хилтон во Скопје се оддржа завршен настан на проектот „Зајакнување на општинските совети“.

На настанот се презентираа спроведените активности и постигнати резултати во рамки на проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка, спроведен од страна на УНДП – „Зајакнување на општинските совети“.  На истиот присуствуваа претставници на 24-те општини (претседатели на совети, градоначалници,  проектни координатори) кои беа директно вклучени во спроведувањето на проектот како и партнерските институции и организации (Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, ЗЕЛС, Здружението на финансиски работници  -АФО, UN Women) .

Главната придобивка на проектот е што помогна да се подобри квалитетот на живот на граѓаните во 24-те партнерски општини, но во исто време воспостави алатки и пракси кои го зајакнуваат капацитетот и на советниците и на општинската администрација, и го охрабруваат учеството на граѓаните преку Форумите на заедницата. 

Конкретно, во рамки на проектот Општина Богданци ја подобри сообраќајната безбедност и обезбеди нов простор за спорт и рекреација за сите граѓани, а слични и многу корисни проекти беа реализирани и во другите општини вклучени во проектот.

Покрај Форумите во заедницата и проектните грантови, за нас како општина особено се значајни две компоненти за развој на капацитетите и  вмрежување на советниците:

  1. Обезбедена е нова политика на транспарентност, преку набавка на соодветна опрема која како иновативна алатка се користи за пренос и архивирање на снимените седници и обезбедува пристап на граѓаните до факти, знаења и искуства во дигитална форма.
  2. Новоизбраните советници се охрабрени да креираат личен профил на платформата за е-учење достапна на веб страницата opstinskisoveti.mk, со што обезбедуваме континуитет во пристапот на неопходните знаења за нивната работа и создаваме можност за понатамошно вмрежување и на новоизбраните советници.

„Програмата „Зајакнување на општинските совети“ во изминатите  пет години докажа дека со правилен пристап, едукација и иновативнит теехологии може да се поттикне и забрза локалниот развој и  да се постават нови стандарди во практикувањето на политиката во локалните самоуправи.

Одбележан 21 Март- Денот на пролетта

Денес, 21.03.2022 година, Општина Богданци се вклучи во одбележувањето на 21-ви Март, Денот на пролетта и екологијата. За таа цел, се реализираше акција-пошумување на јавор и јасен од мостот на речното корито на Луда Мара на локален пат Богданци-Стојаково (покрај пешачката патека) до „Оранжерии Воденичар“.

Во акцијата беа вклучени ученици од СОУ „Богданци“, вработени во општинската администрација, вработени во ЈП „Комунална Чистота“ Богданци и заинтересирани граѓани.

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Богданци и Правната клиника на Правен Факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип

Денес Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов и Правната клиника на Правниот факултет при Универзитет “Гоце Делчев”-Штип потпишаа Меморандум за соработка.

Со потпишување на овој меморандум, се воспоставува соработка во чија рамка ќе се овозможи меѓусебна техничка соработка и размена на искуства за прашања врзани со обезбедување на бесплатна правна помош и пристап до правда, промовирање на системот за интегритет и добро управување.

Соработката меѓу другото вклучува обезбедување примарна бесплатна правна помош  на граѓани кои имаат потреба од истата, а не се во состојба самите да обезбедат остварување на своите законски права преку некој од достапните механизми на заштита.

Повеќе информации за правната клиника како и барањето за бесплатна правна помош се достапни на следниот линк правна клиника – УГД

Акција за пошумување по повод „Прв пролетен ден“

Почитувани,

Ве информираме дека по повод „Прв пролетен ден“, Општина Богданци ќе реализира акција-пошумување. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да се вклучат во акцијата на ден 21.03.2022 год (понеделник), во 14:00 часот. Локацијата за пошумување е од мостот на речното корито на Луда Мара на локален пат Богданци-Стојаково (покрај пешачката патека) до „Оранжерии Воденичар“.

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија

Почитувани,

Ве известуваме дека поради дефект на трафостаница на Чавдарова Чешма во Богданци, денес (петок) во периодот од 10.30 до 12.00 часот без снабдување со електрична енергија ќе остане поголем дел од Богданци. Екипите на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектот.

Се надеваме на разбирање.

Состанок на Градоначалници: Транспарентни и инклузивни локални политики

Во организација на Институтот за економски истражувања и политики Finance Think и Мрежата FISCAST, на 11.03.2022 година во Скопје беше оддржана средба на Градоначалници на тема : Транспарентни и инклузивни локални политики. Настанот го отвори г-динот Фрејк Јанмаат, Раководител на економски сектор во Делегација на Европската Унија во Скопје. На состанокот, општина Богданци како учесник во рамки на Проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“ беше преставувана од Градоначалникот Г-ин Блаже Шапов.

 Главната цел на проектот е „Да се ​​зајакне мрежата FISCAST во мониторингот на и партнерството со локалните засегнати страни за финансиската транспарентност на ЕЛС, со осврт на парафискалните давачки“.

Оваа главна цел е поделена на специфични цели што вклучуваат конкретни интервенции на четири фронта:

  • Да се ​​зајакнат капацитетите на локалните граѓански организации и на мрежата FISCAST да станат активни чинители во процесите на финансиска транспарентност во општината;
  • Да се ​​подобри буџетот на општината и транспарентноста на парафискалните давачки;
  • Да се ​​воспостави дијалог заснован врз докази, со повеќе засегнати политики за следење на финансиската транспарентност и градење ефективни општински политики;
  • Да се ​​зголеми јавната свест за придобивките од повисоката транспарентност, отчетност и одржливост за граѓаните и бизнисите, во нивните улоги и капацитети да дејствуваат на локално ниво.

СОУ БОГДАНЦИ доби грант од 404 000 евра за проектот „Поглед кон мојата иднина“

СОУ Богданци  започна со активностите поврзани со реализацијата на тригодишниот проект „ Поглед кон мојата иднина“- Програма за коорперативен тренинг со користење на паметна IT и VR технологија и практична работа во компании за медицинска, сообраќајна и градежна струка .

Заедно со компаниите- партнери на СОУ „Богданци“, училиштето  учествуваше  на настанот организиран од Стопанската комора на Македонија и Регионалниот фонд за предизвици на кој им беше доделен грант од 404 000 евра, со кои се очекува значително подобрување на реализација на наставните програми за медицинска сестра, градежен техничар и техничар за транспорт и шпедиција.

Добитници на поединечни грантови (од 100.000 до 600.000 евра) се 29 компании групирани во 8 конзорциуми со 7 средни училишта и една високо образовна институција, за финансирање на инвестиции во опрема и инфраструктура за воведување на дуалното образование и реализација на практичната обука, со цел поголема вработивост на младите и обезбедување обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси. Поддршката е во различни сектори, машинската струка, прехрамбен сектор, хемиска струка и здравствен сектор.

Овие средства ќе бидат искористени за опремување на еден кабинет за здравствената струка со најсовремена медицинска опрема и нагледни средства, опремување на една училница со компјутери и компјутерска опрема, образовни софтвери за сообраќајната струка, програми за учење со виртуелна реалности и 3Д модели за стручното образование дизајнирани според потребите на новите тренинг програми за дуално образование, обуки на наставниците и менторите од компаниите, набавка на стручна опрема за учениците во градежната и здравствената струка и сл.

Најзначајно е тоа што преку овој проект учениците од сообраќајната, градежната и здравствената струка ќе реализираат зголемена практична обука во компаниите со што се очекува да се стекнат со потребното знаење, специфични вештини, работни навики и ставови кои се важни за конкретното работно место, да решаваат проблеми во реални работни ситуации, а поврзаноста со претпријатијата да им обезбеди професионални контакти, потребни компетенции и вработување.

Следење во живo на деветтата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека денес (14.03.2022) во 12.00 часот започнува 9-та седница на Советот на општина Богданци.

Доколку сте заинтересирани да ја гледате истата во живо, следете го следниот линк: деветта седница во живо

Следење во жива на осмата седница на Советот на општина Богданци

Ве известуваме дека денес (02.03.2022) во 12.00 часот започнува 8-та седница на Советот на општина Богданци.

Доколку сте заинтересирани да ја гледате истата во живо, следете го следниот линк: осма седница во живо

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно добиените податоци од ЕВН Македонија, на ден 25.02.2022 година (петок) во периодот од 09.00 до 11.00 часот без снабдување со електрична енергија во Богданци ќе останат Рапид Гас, АРМ (МЛАЗ пружини), пумпна станица Комунална чистота (река Луда Мара) и Десива.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |