Почитувани,
Ве известуваме дека 75-та седница на Совет на општина Богданци започнува денес, 05-ти Август со почеток во 10.00 часот. Проследете ја во живо на следниот линк 75 та седница
Почитувани,
Ве известуваме дека 75-та седница на Совет на општина Богданци започнува денес, 05-ти Август со почеток во 10.00 часот. Проследете ја во живо на следниот линк 75 та седница
Почитувани,
Ве известуваме дека денес, 17-ти јули со почеток во 10.00 часот може да ја проследите во живо 74-та седница на Совет на општина Богданци на следниот линк: 74-та седница во живо.
Денес во просториите на Министерството за транспорт, Градоначалникот Блаже Шапов го потпиша Договорот за реализација на проектот „ Реконструкција на улица Петар Мусев во Богданци “, со кој општина Богданци учествувашево Програмата за користење на капиталните дотации за финансирање на инвестиционите проекти на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија.
Вкупната вредност на инвестицијата за Проектот „ Реконструкција на улица Петар Мусев во Богданци “ изнесува 63.110.145,00 мкд , а од Владата на Република Северна Македонија, согласно Програмата за користење на капиталните дотации за финансирање на инвестиционите проекти на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година, се обезбедени средства во износ од 60.932.047,00 мкд.
Разликата над обезбедените средства во износ од 2.178.098,00 мкд кои ќе се употребат за оваа инвестиција се планираат во Буџетот на општина Богданци.
Се работи за станбена улица која заради местоположбата и нејзината врска со главната улица, обиколницата ( која преку мостот на реката Луда Мара е спојка со локалниот пат Л601, делница Богданци –Стојаково , односно веднаш после мостот преставува врска со индустриската зона „Барта“), и крстосувањето со улиците Крушевска и Изворски има функција на сервисна, па дури и собирна улица.
Покрај реконструкцијата на коловозната конструкција, а со цел избегнување на ископ на ново реконструираната улица во иднина, и согласно тоа заштеда на значителни финансиски средства, на улицата е планирано поставување на ПВЦ цевки за поставување на електрични и оптички кабли, како и изградба на фекална и атмосферска канализација.

Денес Градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов, потпиша Договор со Биро за Регионален Развој/Министерство за локална самоуправа за обезбедени финансиски средства за реализација на проектот „ Зголемување на безбедноста во сообраќајот преку утврдување на режим на сообраќај на локални патишта и улици во Општина Богданци “.
Предмет на овој проект е потребата за унапредување на севкупното ниво на сообраќајна услуга, односно зголемување на капацитетот и подобрување на нивото на безбедност на локалните патишта и улици во трите селски населби во општина Богданци.
Финансиската конструкција за реализација на овој Проект, е 3.450.210,00 денари од кои согласно Договорот со БРР/МЛС се обезбедени 2.268.000,00 денари а остатокот од 1.182.210,00 денари се сопствено учество на општината.
Почитувани,
Ве известуваме дека од 14.07.2025 година (понеделник) ќе се започне со реконструкција на мост преку река Луда Мара во Богданци. За таа цел мостот ќе биде целосно затворен за сообраќај. Движењето на релација Богданци – Стојаково и обратно ке се одвива единствено преку патот Шимов -Стојаково. Изведувач е фирмата Еуроинг ДОО Гевгелија.
Се надеваме на разбирање

Почитувани, за да ја проследите во живо 72-та седница на Совет на Општина Богданци, следете го линкот: https://youtube.com/live/dOmX6JPFFP0?feature=share
Проект „ Балкански алтернативни маршути за одржлив туризам преку цела сезона“ со реф. бр. BGMK0200019
ОБЈАВА
Општина Богданци започнува тендерска постапка за „Реконструкција на зграда во Ѓавото“. Тендерската постапка е во рамките на имплементацијата на проектот „ Балкански алтернативни маршути за одржлив туризам преку цела сезона“ со финансиска помош од Програмата Interreg VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија 2021 – 2027. Тендерската документација е достапна за увид во Општина Богданци, ул. „Маршал Тито“ бр. 62, 1484 Богданци и е објавена на следните веб-страници:
https://ipa-bgmk.mrrb.bg ; https://bogdanci.gov.mk/
Крајниот рок за поднесување на понудите е 11.07.2025, 16:00 (локално време).
Евентуалните дополнителни информации или појаснувања/прашања ќе бидат објавени на следните веб-страници:
https://ipa-bgmk.mrrb.bg ; https://bogdanci.gov.mk/
Тендерската документација е достапна ТУКА
Договорниот орган е надлежен орган за давање појаснувања во врска со тендерската постапка.
Почитувани,
Ве известуваме дека 71-та седница на Совет на општина Богданци е закажана за денес, 09-ти јуни со почеток во 12.00 часот.
За да ја проследите во живо, следете го линкот https://www.youtube.com/live/rAy2_In-qg8
ЗА ФОРМИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА КОНСТИТУИРАЊЕ НА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ
Општина Богданци, врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на РСМ“ бр.10/20) и член 48-j од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 04/05, 04/11, 04/15, 09/19, 02/20 и 11/21) распишува:
Јавен повик до сите младински организации, политички подмладоци, ученичките и студентските организации и другите облици на младинско здружување кои реализираат активности на подрачјето на Општина Богданци, да номинираат свој претставник во Иницијативниот одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Богданци.
Бројот на членовите на Иницијативниот одбор е најмногу 5 (пет).
Улогата на Иницијативниот одбор е да ја спроведе постапката за конституирање на Локалното собрание на млади, со што неговата функција престанува.
Задачи на Иницијативниот одбор се:
• Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на ЛСМ,
• Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на Општината по принципот на јавност и транспарентност,
• Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното локално собрание за млади.
Задолжителни документи кои се доставуваат:
• Портфолио на организацијата/групата/здружението,
• Извештај за активности со млади во изминатата година,
• Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и општи и контакт информации за членот.
Дополнителни (опционални) документи се:
• Годишна програма за работа,
• Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.
Начин на пријавување:
Сите заинтересирани организации/групи/здруженија документите можат да ги достават скенирани на е-маил: opstina_bogdanci@t.mk или во печатена форма во архивата на Општина Богданци со назнака „За формирање иницијативен одбор за конституирање на ЛСМ”.
Рок за пријавување:
10 (десет) работни денови, а најдоцна до 03.06.2025 (до 16:00 часот во просториите на Општината или електронски до крајот на денот).
Лице за контакт и повеќе информации:
Службеник за млади во Општина Богданци – Кристина Прошева
Е-маил: kristina_075@yahoo.com
Адреса: Општина Богданци, ул. Маршал Тито бр.62, Богданци,
Тел: 078/ 583-612, 034/222-333
Почитувани, денес, 14-ти мај во 12.00 часот започнува 70-та седница на Совет на општина Богданци. Истата е достапна во живо на следниот линк https://www.youtube.com/live/8PxfI-Sb03I?si=2iMbFS3SOZOpebcu
ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |