Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Поделени новогодишни пакети во Дневниот Центар во Гевгелија

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници од страна на општина Богданци на лицата по посебни потреби во Дневниот центар во Гевгелија, традиционално како и секоја година им беа поделени пакети со храна и работни материјали.

Во духот на деновите кои ни претстојат, си разменивме честитки и најубави желби за претстојните празници, пред се добро здравје, среќа, радост и многу љубов.

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Богданци, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип и Факултет за туризам и бизнос логистика

Градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов, и деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, денес потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете институции. Во согласност со договореното, преку разни модели на соработка втемелени на платформа на заемна доверба и разбирање, ќе бидат реализирани разни активности што се од интерес и бенефит за двете страни.

            Презентација и пренос на знаења од страна на стручни лица ангажирани од факултетот, организација на едукативни форуми, настани, семинари и обуки, помош при лобирање и ангажирање во поврзување со соодветните партнери кои ќе помогнат за локалниот и регионалниот развој, се само дел од содржината на денес потпишаниот документ.

            Заемната размена на информации, знаења и искуства од областите од заеднички интерес ќе има значаен бенефит и за двете институции кои очекуваат овој документ да биде добра основа за плодна соработка.

Реализирана акцијата за пошумување – засадени 20000 садници

Акцијата за пошумување која ја организираше Општина Богданци во соработка со Подружница ШС ,,Кожуф” Гевгелија, денес, 21.12.2022 година, заврши по планираното. Акцијата се одвиваше на опожарениот дел кај брана Паљурци, каде минатата година изгореа околу 50 хектари површина. Се пошумуваше на парцела од 10-тина хектари  каде беа засадени околу 20000 парчиња на чемпрес и бор.

Благодарност до учениците од СОУ ,, БОГДАНЦИ ” Богданци, ООУ,,Петар Мусев” и нивните наставници, до Директорот на Подружница ШС ,,Кожуф” Гевгелија, членовите од планинарското друштво Кожув Гевгелија, до ЈП Комунална Чистота и до општинската администрација.

Потпишан договор за доделување грант на Општините Богданци и Гевгелија за развој на социјалните услуги

Општина Богданци е дел од 17 -те општини кои се добитници на грант за развој на социјални услуги на локално ниво, која врз основа на меѓуопштинска соработка ќе го реализира заедно со Општина Гевгелија. Имено, двете општини аплицираа на Вториот јавен повик за изразување интерес за грант за развој на социјални услуги, распишан од Министерството за труд и социјална политика. Градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и секретарот на Општинската организација на Црвен крст- Гевгелија, Лазар Мешков, во Клубот на пратеници во Скопје, го потпишаа Договорот за доделување грант со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.
            Од страна на МТСП, за воведувањето и давање на услугата лична асистенција на лица со попреченост, на Општина Богданци и Општина Гевгелија им се одобрени средства во висина од 7.131.336 денари,  а двете општини ќе учествуваат со сопствени средства во висина од 277.912 денари. Општинската организација на Црвен крст- Гевгелија како давател на услугата ќе учествува со 129.600 денари. Вкупниот буџет за реализација на проектот изнесува 7.538.848 денари.
             Проектот за подобрување на социјалните услуги е финансиран со средства од заем на Светската банка.

Известување за акција-пошумување

Почитувани,

Ве информираме дека Општина Богданци ќе организира акција-пошумување.Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да се вклучат во акцијата на ден 21.12.2022 год (среда), во 10:00 часот.Локацијата за пошумување е брана ,,Паљурци”.

Последен поздрав на нашата почитувана колешка

Со големо жалење Општина Богданци денес ќе се прости од нашата почитувана долгогодишна колешка, Јованка Ампова.

Општина Богданци изгуби професионалец во областа на животната средина, кој ќе биде долго запаметен од колегите, соработниците и сите оние со кои градеше успешен однос на соработка.

Големите луѓе никогаш не умираат, засекогаш остануваат во срцата и драгите спомени.
Вашата добрина и ведар дух ќе остават вечен печат на времето поминато заедно, а Вашето име со светли букви засекогаш запишано во аналите на Општина Богданци .
Почитувана колешке, почивајте во мир и нека Ви е светол патот кон вечноста.

Вечна слава!!!

Покана за хуманитарен настан

Почитувани граѓани

По повод 3 ти Декември светскиот ден на лицата со попреченост Дневниот центар во соработка со НУ Музеј Гевгелија организира хуманитарен настан на кој ќе бидат изложени рачни изработки од корисниците на Дневниот центар. По тој повод Ве покануваме да бидете дел од овој настан.

Локација : Уметничка галерија Амам –Гевгелија

Дата 02.12 – петок со почеток од 16 часот.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |