Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во работна посета на Општина Богданци

Во работна посета на Општина Богданци денес беше Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој беше примен во кабинетот на градоначалникот Блаже Шапов каде се разговараше за најновите измени на Законот за градење, а кои се однесуваат на олеснување на постапката за поставување на фотонапонски панели за домаќинствата и компаниите.

Со измените на овој закон се поедноставува процедурата за поставување на фотонапонски електроцентрали на објектите и тоа до 6 киловати за домаќинствата и до 40 киловати за компаниите. Клучно е што процедурата е без административни постапки и не е потребно издавање на одобрение за градење од локалната самоуправа. 

Инвеститорите се сега должни само да ја известат Општината и да ги достават потребните документи. За правни лица ќе биде потребен извод од Централен регистар, а за физички лица копија од лична карта, потоа имотен лист за објектот на кој се поставува и основен проект.  Доколку објектот не е во сопственост на инвеститорот, се доставува договор или согласност од сопственикот на објектот, како и основен проект за фотонапонска електроцентрала до 6 киловати за домаќинствата, односно до 40 киловати за компаниите.

Министерот изјави дека општина Богданци е пионер во искористување на обновливите извори на енергија и ги повика граѓаните да ги искористат измените на законот и да пристапат кон поставување на вакви објекти со цел да му помогнеме на електроенергетскиот систем но и на самите себе и да придонесеме за плаќање на пониски сметки во претстојниот период.

„Се надевам дека во претстојниот период ќе се јави зголемен интерес за инвестиции во овој дел, како од страна на физичките така и од правните лица“ – изјави градоначалникот Блаже Шапов и ги повика заинтересираните странки да се информираат за упростената процедура во Одделението за урбанизам и градежништво на општина Богданци. Никола Гогов од Богданци е првиот во нашата општина кој ги искористи измените на Законот за градење и постави фотонапонски панели на својот објект за домување.

На работната средба се разговараше и Заобиколницата во Богданци која е во фаза на реализација и за патниот правец Делница од Регионален Пат Р 1109 “Понов Мост“ до „Заобиколница“ Богданци за кој Градоначалникот изјави дека документацијата е комплетирана, следува тендерирање а на пролет и негова реализација.

Покана за учество во креирање на Буџетот на општина Богданци за 2023 година

Општина Богданци е во фаза на подготвување на  Буџетот за 2023 година. Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, Ве повикуваме да го пополните овој анкетен прашалник —->линк

На овој начин ќе овозможите поголема информираност на локалната самоуправа за вистинските проблеми и создавање на Буџет кој ќе ги задоволи најголемиот дел од потребите на граѓаните.

Истовремено Градоначалникот на општина Богданци ќе оствари средби со граѓаните по населените места, со следниот распоред:

22.11.2022 година

18:00 до 19:00 часот во с. Селемли  (во основното училиште)

23.11.2022 година

18:00 до 19:00 часот во с. Ѓавото (во основното училиште)

24.11.2022 година

18:00 до 19:00 часот во с. Стојаково  (Дом на култура)

25.11.2022 година

18:00 до 19:00 часот во Богданци  ( Дом на култура „Бранд Петрушев)

Сите  Вие кои имате идеи, предлози за релизација на проекти и решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на разговор со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.

Сите реално остварливи предлози, идеи, во рамки на можностите  на општина Богданци  ќе видат интегрирани во буџетски програми за 2023 година.

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија на ден 01.11.2022

Ве известуваме дека согласно добиените податоци од ЕВН Македонија, заради реализација на инвестициони зафати со цел подобрување на квалитетот на електричната енергија на ден 01.11.2022 година (вторник) во периодот од 09.00 до 12.00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од Богданци и тоа: улица Маршал Тито од Бреботекс до Пошта и улицата Нако Вардарски и Илинденска.

СЕ ЗАБРАНУВА ЗАПИРАЊЕ И ПАРКИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „МАРШАЛ ТИТО“ ВО БОГДАНЦИ

Се известуваат граѓаните на Општина Богданци дека заради реализација на пректот Реконструкција на Државен Пат Р1109, Делница обиколница на Богданци – прва фаза,  почнувајќи од денес 25.10.2022 година ќе се воведе времен режим на сообраќај на улицата Маршал Тито во Богданци. Обиколницата во Богданци ќе биде затворена за сообраќај а сообраќајот за тешки товарни возила ќе биде пренасочен кон улицата Маршал Тито.

            Ваквиот времен режим на сообраќај подразбира воведување на забрана за запирање и паркирање на возила на улицата Маршал Тито (на потегот од „Каменот“ до спојот со раскрсницата на ул.„Петар Мусев“),се до целосно завршување на градежните активности.

            Се апелира до граѓаните да наидат на разбирање и да ја почитуваат воведената забрана со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Времен режим на сообраќај при реконструкција на државен пат Р1109, делница Обиколница на Богданци

Се известуваат граѓаните на Општина Богданци дека во текот на наредната недела ќе се започне со подготвителни активности заради реализација на пректот Реконструкција на Државен Пат Р1109, Делница обиколница на Богданци – прва фаза.

Предметната локација на патот од наведената делница ќе се третира како градилиште во кое ќе се реконструира истата, и ќе биде затворена за сообраќај, додека  сообраќајот за тешки товарни возила ќе биде пренасочен кон улица Маршал Тито во Богданци. Ваквиот времен режим на сообраќај подразбира и воведување на забрана за запирање и паркирање на возила на улицата Маршал Тито (на потегот од „Каменот“ до спојот со раскрсницата на ул.„Петар Мусев“), се до целосно завршување на градежните активности.

Се апелира до граѓаните да наидат на разбирање и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

СООПШТЕНИЕ

Фирмите  од областа на земјоделството и преработувачката индустрија  од општина Богданци, можат да ја искористат можноста за промоција на своите производи и поврзување со деловни партнери од сите краеви на Македонија на  вториот  Агро Саем  во Струмица  кој ќе се одржи на ден 08.10.2022 година (Сабота).

Саемот ќе биде одлична можност  фармерите да го претстават автентичниот начин на производство на градинарски производи, храна, вино, мед, како и да ги претстават последните технолошки достигнувања во производствениот процес.

Прилог  Покана за Ваше подетално информирање!

Покана

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |