Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА

ЈАВЕН КОНКУРС

ЗА  АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И

РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ

Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 05-30.09.2021 година во својство на:

  • Реонски попишувачи и
  • Реонски инструктори.
  1. Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори што ќе се изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето, е како што следи во табеларните прегледи:

Табеларен преглед за реонски попишувачи и реонски инструктори

 

Бр на попи-сен реон

 

Седиште и општини кои влегуваат во пописниот реон Број на реонски попишувачи  според јазикот на кој се врши попишувањето и вкупен број на реонски инструктори Вкупно реонски инструк-тори
вкупно попишу-вачи македон-ски албан-ски турски ромски влашки српски босански
1 Берово (за општина Берово и Пехчево) 70 61 0 5 4 0 0 0 8
2 Делчево (за општина Делчево и М. Каменица) 72 69 0 2 1 0 0 0 7
3 Богданци (за општина Богданци) 23 21 0 0 0 0 2 0 2
4 Виница (за општина Виница) 49 45 0 3 1 0 0 0 5
5 Крива Паланка (за општина К. Паланка и Ранковце) 62 56 0 3 2 0 1 0 6
6 Кратово (за општина Кратово) 29 27 0 1 1 0 0 0 3
7 Пробиштип (за општина Пробиштип) 51 50 0 0 0 0 1 0 5
8 Свети Николе (за општина С. Николе и Лозово) 53 48 0 3 0 2 0 0 5
9 Радовиш ( за општина Радовиш и Конче) 66 55 0 10 1 0 0 0 7
10 Неготино (за општина Неготино и Д. Капија) 52 47 0 3 0 0 2 0 6
11 Гевгелија (за општина Гевгелија и Дојран) 88 83 0 2 0 1 2 0 9
12 Валандово (за општина Валандово) 30 25 0 3 0 0 2 0 3
13 Кочани ( за општина Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево) 104 94 0 3 4 3 0 0 11
14 Струмица ( за општина Струмица и Василево) 167 157 0 7 3 0 0 0 18
15 Ново Село (за општина Босилово и Ново Село 68 65 0 2 1 0 0 0 7
16 Штип (за општина Штип и Карбинци) 129 112 0 6 5 5 1 0 13
17 Кавадарци (за општина Кавадарци и Росоман) 86 82 0 2 1 0 1 0 9
18 Велес (за општина Велес, Градско и Чашка) 166 131 18 6 3 1 1 6 16
19 Прилеп ( за општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани) 273 238 15 12 6 0 0 2 27
20 Битола (за општина Битола, Могила и Новаци) 280 254 12 7 3 3 1 0 28
21 Ресен (за општина Ресен) 53 41 6 5 1 0 0 0 5
22 Охрид (за општина Охрид и Дебарца) 214 186 11 8 7 1 1 0 21
23 Струга (за општина Струга и Вевчани) 142 50 80 8 1 3 0 0 14
24 Дебар (за општина Дебар и Центар Жупа) 62 13 31 16 2 0 0 0 6
25 Демир Хисар (за општина Демир Хисар) 33 33 0 0 0 0 0 0 3
26 Крушево (за општина Крушево) 21 13 4 1 0 3 0 0 2
27 Македонски Брод (за општина М. Брод и Пласница) 45 33 0 12 0 0 0 0 4
28 Кичево (за општина Кичево) 128 46 76 4 1 0 1 0 13
29 Гостивар (за општина Гостивар) 187 37 127 18 5 0 0 0 19
30 Маврово Ростуша (за општина Маврово Ростуша) 34 16 7 11 0 0 0 0 3
31 Врапчиште (за општина Врапчиште) 65 3 54 8 0 0 0 0 7
32 Тетово (за општина Тетово и  Боговиње) 242 49 182 6 5 0 0 0 24
33 Теарце (за општина Теарце и Јегуновце) 77 26 51 0 0 0 0 0 8
34 Желино (за општина Брвеница и Желино) 84 16 68 0 0 0 0 0 8
35 Аеродром (за општина Аеродром) 209 191 3 1 2 1 9 2 21
36 Бутел (за општина Бутел и Чучер – Сандево) 100 59 25 3 1 0 10 2 10
37 Кисела Вода (за општина Кисела Вода и Сопиште) 188 168 10 1 2 2 4 1 19
38 Чаир (за општина Чаир) 113 36 65 7 2 0 0 3 11
39 Ѓорче Петров (за општина Ѓ. Петров) 101 88 4 2 3 0 3 1 10
40 Сарај (за општина Сарај) 70 4 63 0 0 0 0 3 7
41 Карпош (за општина Карпош) 174 158 6 2 2 1 5 0 17
42 Центар (за општина Центар) 165 145 5 2 4 2 7 0 17
43 Студеничани (за општина Студеничани и Зелениково) 50 10 29 7 0 0 0 4 5
44 Шуто Оризари (за општина Шуто Оризари) 43 9 7 0 27 0 0 0 4
45 Гази Баба (за општина Гази Баба) 145 110 27 2 3 0 2 1 15
46 Арачиново (за општина Арачиново) 17 0 17 0 0 0 0 0 2
47 Петровец (за општина Петровец) 27 16 6 0 0 0 0 5 3
48 Илинден (за општина Илинден) 41 38 0 0 1 0 2 0 4
49 Куманово (за општина  Куманово и С. Нагоричане) 258 164 61 2 9 0 22 0 26
50 Липково (за општина Липково) 49 0 49 0 0 0 0 0 5

 

III. При изборот на кандидатите кои се пријавиле за реонски инструктори ќе се има предвид етничката структура на населението во соодветниот пописен реон.

III.1 Од избраните кандидати за реонски попишувачи по пописни реони ќе бидат избрани 10% повеќе резервни попишувачи од табелата-колона за вкупно попишувачи.

  1. IV. Кандидатите кои ќе се пријават на овој конкурс треба да ги исполнуваат следните услови:

а) Општи услови

  • да се државјани на Република Северна Македонија,
  • да се полнолетни,
  • да имаат завршено најмалку средно образование и
  • да немаат засновано работен однос.

б) Дополнителни услови

  • познавање на работа со персонален компјутер и
  • познавање на соодветниот јазик на заедницата според табеларниот преглед од точка II на овој конкурс.

V.Изборот на пријавените кандидати ќе се врши по пат на тестирање(проверка за познавање на општи работи од областа на статистиката и познавање на работа со персонален компјутер).

VI.Тестирањето ќе се спроведе во седиштата на комисиите на пописните реони за кандидатите кои имаат место на живеење во соодветниот пописен реон.

VII. Времето (часот) на почетокот на тестирањето и местото (просториите) каде што ќе  се одржи тестирањето дополнително ќе бидат објавени во седиштето на секоја Комисија за пописен реон и на веб-страниците на Државниот завод за статистика   www.stat.gov.mk и  popis2021.stat.gov.mk.

VIII. Кандидатите, својата намера да учествуваат во Пописот ја изразуваат исклучиво преку пополнување и доставување на електронска пријава која е достапна на ВЕБ страницата на Државниот завод за статистика

https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx  во периодот од 20.07.05.08.2021 година.

IX. Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. Даме Груев бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 09.08.2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

X.Потребните документи кои кандидатите треба да ги достават се:

а) Доказ за државјанство – фотокопија од:

  • лична карта или
  • уверение за државјанство или;
  • важечка патна исправа

б)  Доказ дека има завршено најмалку средно образование –  фотокопија од:

  • свидетелство или
  • уверение или
  • диплома за завршено образование

в) Писмена изјава дека нема засновано работен однос

г) Писмена изјава дека има  познавање од работа со персонален компјутер

XI. Ангажирањето на избраните кандидати ќе биде по основ на Договор за дело.

XII. Кандидатите со некомплетни документи нема да бидат земени предвид при разгледувањето.

XIII. Изборот на кандидатите кои ќе бидат ангажирани ќе го изврши Директорот на Државниот завод за статистика, по предлог од надлежната работна група формирана за секој пописен реон.

XIV. Изборот од пријавените кандидати  ќе се изврши во рок од 3 дена по  тестирањето, а списокот на избраните кандидати ќе биде објавен на веб-страниците на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и  popis2021.stat.gov.mk.

                                                                                                             Државен завод за статистика

 

 

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија на 16.07.2021

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно добиените податоци од ЕВН Македонија, екипите на ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на одредени локации во Богданци. Заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, на ден 16.07.2021 година (петок) во периодот од 08.00 до 11.00 часот без снабдување ќе останат сите корисници во с.Ѓавото како и околните корисници Водовод, Ѓавото, Препумпна станица и ТС Баџо.

Реконструкција на улица Бранд Петрушев во Богданци

Врз основа на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намена на дел од средствата, на 10.07.2021 година се склучи договор за изведба на проектот „Реконструкција на улица Бранд Петрушев во општина Богданци“.  Договорни страни се Владата на Република Северна Македонија претставувана од Заменикот на Претседателот на Владата, Фатмир Бетиќи како „Инвеститор“, Тав Македонија ДООЕЛ како „финансиер“,ТАФ ТЕПЕ АКФЕН како „Изведувач“ и Општина Богданци  застапувана од Градоначалникот, Блаже Шапов како „Корисник на проектот“.

Проценетата вредност на договорот изнесува 10.360.495 денари. Улицата е изградена и асфалтирана 1985 година и асфалтната површина е доста оштетена.Со концепцијата на техничкото решение се предвидува гребење на површинскиот слој и поставување на нов слој асфалт БХНС 16 Д=7см.Се предвидува и оформување на тротоари од двете страни со променлива ширичина. Тротоарите се предвидени да се изведат од бехатон елементи 10х20 х 6 см во сива боја. Одводнувањето на улицата е овозможено со надолжни и попречни наклони на истата .Дождовната вода од коловозната површина ќе се одведува преку собирна решетка и со ПЕ НД 315 цевка ке се одведува до реципиент(суводолица) Гегова река. На краевите односно на распон до 100 м се предвидува да се постават ревизиони шахти со метален капак .

Целта на проектот е подобрување на добросостојбата и условите на живеење на граѓаните во општината.

 

СО ШВАЈЦАРСКА ПОДДРШКА БОГДАНЦИ ДОБИ НОВО СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНО КАТЧЕ И СИГНАЛИЗАЦИЈА ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

Општина Богданци ја подобри сообраќајната безбедност и финализира нов простор за спорт и рекреација благодарение на вклученоста на граѓаните во процесот на локален развој преку Форумите во заедницата, организирани во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и спроведуван од УНДП, во соработка со 24 општини.

Денеска, амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер, постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан и Заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски го посетија Богданци за да ги видат резултатите од овие проекти и за да ја отворат форумската сесија на која граѓаните и општината ги разгледуваа резултатите од оваа заедничка иницијатива. Воедно, делегацијата одржа средба со градоначалникот Блаже Шапов и претседателката на општинскиот совет Елена Шутарова на која беше дискутирана соработката меѓу Владата на Швајцарија и Општина Богданци со поддршка на УНДП во унапредување на процесот на децентрализација и зајакнување на капацитетите на општината за отчетно и транспарентно работење, како и за понатамошните можности за вклучување на граѓаните во одлучувачките процеси врзани со локалниот развој.

Во текот на 2020 година, граѓаните на Општина Богданци преку серија на форумски сесии одлучија да им дадат приоритет на иницијативи за изградба на ново спортско-рекреативно катче на отворен простор и зголемување на сообраќајната безбедност преку поставување на нова сигнализација на 20 улици и измена на сообраќајниот режим со четири нови училишни зони.

„Прво рангираниот приоритетен проект „Безбеден граѓанин, среќен граѓанин – Уредување на режимот на сообраќај и поставување на сообраќајни знаци во Богданци“ беше целосно реализиран кон крајот на минатата година. Со проектот е воведен нов режим на сообраќај пред основното општинско училиште и пред детската градинка. Беа  поставени 745 различни сообраќајни знаци и табли. Се обележаа 2.800 квадратни метри сообраќајна површина и се уредија паркинзи, од кои 3 за лица со инвалидитет, и се поставија 32 квадратни метри тактилни плочи за слепи лица. Проектот чинеше 2.155.413 денари. При крај е и реализацијата на  второ рангираниот проект „Повеќенаменско спортско-рекреативнo катчe за деца и млади“ кој произлезе како предлог од младите во Богданци, и кој ќе се реализира со остатокот од средствата од донаторот и од општинскиот буџет, со вредност од 2.270.662 денари“, објасни градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов.

Овие проекти беа финансиски поддржани од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка со вкупна вредност од 2,7 милиони денари. Со вкупно 3,5 милиони франци, Швајцарската агенција за развој и соработка го поддржува зајакнувањето на општинските совети во 24 општини низ земјата како тела кои се клучни за развојот на партиципативната демократија и транспарентното и отчетно работење на општините.

„Овие проекти се резултат на споделувањето на идеи и приоритети за локалниот развој од страна на граѓаните, преку Форумите во заедницата. Форумите се покажаа како ефикасен механизам за локалната демократија и директно граѓанско учество во донесувањето одлуки на локално ниво. Овој процес го поддржуваме низ целата земја од 2018 година, со вкупно 24 проекти на Форумите во заедницата спроведени со швајцарско финансирање. Преку овие проекти, ние помогнавме да се подобрат општинските услуги во областа на образованието, животната средина, културата, водоснабдувањето, комуналните услуги и урбанистичкото планирање. Дополнителен придонес на Форумите е што ги поттикнуваат граѓаните да размислуваат за локалниот развој како колективна одговорност, наместо само како институционалното прашање. Кога граѓаните чувствуваат дека имаат сопственост врз проектите за локален развој, многу е веројатно дека тие проекти ќе бидат одржливи“, изјави Сибил Сутер, амбасадорката на Швајцарија, во своето поздравно обраќање на форумската сесија.

Проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети“ го спроведува Програмата за развој на обединетите нации (УНДП), во согласност со глобалните Цели за одржлив развој поставени од Обединетите нации и приоритетите на Програмата во земјата, меѓу кои е и зајакнувањето на локалниот развој и самоуправа.

„Доброто управување и локалната демократија се основата на работата на УНДП во Северна Македонија и затоа сум среќна што сум денес тука за да видам лично некои од одличните резултати што доброто управување може да ги донесе. Највидливите резултати, благодарение на финансиската поддршка на Швајцарската влада, се пристапноста и безбедноста во сообраќајот, како и подобри услови за спорт и рекреација за сите граѓани. Но, најголемата придобивка од овој проект е постепената промена во културата на локално управување, како кај граѓаните, така и кај локалните власти“, изјави Нарине Сахакјан, постојаната претставничка на УНДП.

На Форумот на заедницата во Богданци се обрати и заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски кој ја потенцираше важноста на граѓанството учество за процесот на децентрализација.

„Владата работи на продолжување на процесот на децентрализација. Во фокусот се пренесувањето на нови надлежности и доволно финансиски ресурси за спроведување на локалните политики. Третата најважна работа е обезбедување на услови за транспарентно и отчетно работење на локалните власти. Не може да се зборува за успешна децентрализација, за транспарентност и отчетност без директно учество на граѓаните во креирањето на локалните политики.    Затоа, оваа воспоставена пракса треба да обезбеди одржливост. Локалните власти и граѓаните се партнери во донесувањето на одлуките. Одлуките донесени без учество на граѓаните можат да бидат легални, но без обезбеден легитимитет, потврден од граѓаните се доведува во прашање и взаемната доверба и нивното спроведување“, изјави Димитровски.

Проектот се спроведува во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, ЗЕЛС, Здружението на финансиски работници и Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women). Преку проектот досега беа спроведени низа активности за зајакнување на капацитетите на советниците и нивно вмрежување, подобрување на транспарентноста и отчетноста на општините преку примена на иновативни алатки, и зголемување на граѓанското учество во донесувањето одлуки на локално ниво. Почнувајќи од 2018 година одржани се вкупно 125 форумски сесии во 24 општини на кои учествуваа околу 8.500 граѓани, жители од избраните општини.

 

Потпишан колективен договор за вработените во општина Богданци

Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, на ден 02.07.2021 година потпиша колективен договор со претседателот на Синдикалната организација при општина Богданци, Марјан Пеев, и со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓаните на Република Северна Македонија – УПОЗ, Пецо Грујовски.

Колективниот договор за вработените во општина Богданци е надоградба на Гранскиот колективен договор  за органи на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија потпишан во Февруари 2020 помеѓу Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и Претседателот на синдикат УПОЗ Пецо Грујовски.

Со овој договор се уредуваат статусот,правата,обврските одговорностите и другите прашања во врска со работниот однос на вработените во општината.

Потпишувањето на договорот е чин на афирмирање на социјалното партнерство на ниво на организација.

 

Второ прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека второто прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 07 до 09 Јули 2021 година, со следниот распоред:

  1. На 07.07.2021 година (Среда), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.
  2. На 08.07.2021 година (Четврток), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
  3. На 09.07.2021 година (Петок), во период од 20 до 04 часот во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Основно училиште со ресурсен центар „ Св. Климент Охридски“ Ново Село

Врз основа на член 19 став 1 од Законот за основно образование за поддршка на учењето за учениците со попреченост училиштето обезбедува образовни асистенти. Образовните асистенти учествуваат во наставата на различни начини, секогаш под супервизија на наставникот, за да се подобри процесот на учење. Тие ја фасилитираат групната работа со сите учениците во одделението, повремено работат индивидуално со одредени ученици на зајакнување на нивните вештини, помагаат во менаџирање на училницата. Целта на поддршката што ја даваат образовните асистенти е преку соработка со наставниците и со примена на методите на кооперативно учење и поучување да им помогнат на учениците со попреченост да учествуваат во воспитно-образовниот процес, максимално да ги реализираат своите потенцијали, да стекнат самостојност и социјална вклученост во училишната средина.

Согласно новите надлежности училиштата со ресурсен центар ја обезбедуваат  услугата  образовна асистенција за учениците со попреченост кои добиле препорака за истото од Комисијата за функционална проценка за општините кои согласно Решението за реонизација за соработка на општинските основни училишта со основните училишта со ресурсен центар бр.12-1861/1 од 02.02.2021им се утврдени како реони за соработка и обезбедување на поддршка.

Од овие причини Основно училиште со ресурен центар „Св. Климент Охридски“ Ново Село го има Југоисточниот реон и ги повикува сите заинтересирани кандидати/ки  од општините Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Зрновци, Кочани, Македонска Каменица, Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Чешиново Облешево, Конче, Радовиш кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:

ПОУ „ Св. Климент Охридски“ Ново Село,  ул„ Маршал Тито бр. 103, општина Ново Село поштенски број 2434

И по електронски пат на sv_klimentoh@yahoo.com

со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент

Кон барањето потребно е да се достави писмо со намери зошто кандидатот/ка се пријавува на повикот, задолжително се доставува кратка биографија  (CV), и доколку кандидатот/ка веќе обезбедува образовна асистенција на ученик/ученичка да се наведе името на училиштето, одделението на ученикот/ученичката и со задолжителна претходна согласност на родителот/старателот име и презиме на ученикот/ученичката.

На Јавниот повик за изразување на интерес право на пријавување имаат сите кандидати/ки кои ги исполнуваат условите пропишани со Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр.18/-13724/2 од 2.12.2020 година и Правилникот за изменување на правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр.18-8691/1 8.6.2021, односно специјален едукатор и рехабилитатор, психолог, педагог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено VII/1 степенте.VI/Aспоред македонската рамка за квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС), односно наставник по предметна настава(VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС).

Кандидати кои ги исполнуваат условите наведени погоре, ќе добијат можност да посетуваат основна обука за образовна асистенција и понатаму да се вработат како образовни асистенти во рамките на ПОУ„ Св. Климент Охридски“ Ново Село.

За регионот кој го покрива ПОУ„ Св. Климент Охридски“ Ново Село, согласно потребите предвидени се 80 образовни асистенти за учебната 2021/2022 година.

За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 034/355-247 факс 034/355-077 или на мобилен: Звонко Ангеловски 070/263-177 и Елена Гаврилова (кординатор) 075/726-969

Краен рок за Изразување на интерес за обезбедување на услугата за образовна асистенција  е 5 (пет) работни дена од денот на објавување до 02.07.2021 година.

Следење во живо на 65-та седница на Советот на Општина Богданци

Ве известуваме дека денес (29.06.2021) во08.00 часот започнува 65-та седница на Советот на општина Богданци.

Доколку сте заинтересирани да ја гледате истата во живо, следете го следниот линк: 65- та Седница на Советот на О Б

Се оддржа промоција на книгата „Живот и дело на Борис Џонов 1913-1943“

Денес, 24.06.2021 година во 11:00 часот во Дом на Култура „Бранд Петрушев“ Богданци се одржа промоција на книгата „ Живот и дело на Борис Џонов 1913-1943“, чиј автор е професорот Живко Исак Заев,  во издание на Печатница „Софија“ Богданци. За книгата, а и за делото на Борис Џонов, зборуваа рецензентот, професор доктор Тодор Чепреганов, синот на Борис Џонов, професор доктор Илија Џонов и авторот на монографијата, професор доктор Живко Исак Заев.

      

Борис Џонов е роден во Богданци. Потекнува од сиромашна фамилија. Тој бил македонски револуционер и национален деец, борец за националната слобода и за обединување на македонскиот народ. За слободата на својот народ го даде и својот живот. Тој во таа борба не ја дочека слободата на својот народ но победи неговото револуционерно дело. Борис Џонов својот живот и борбен пат го споделува со видните македонски борци во борбата за создавање слободна македонска држава, јазик и култура.

Спомен обележје за ликот и делото на Борис Џонов во Богданци е бистата со неговиот лик во центарот на Богданци каде пред промоцијата на книгата беше положено свежо цвеќе од страна на Градоначалникот Блаже Шапов, Претседателот на Советот Елена Шутарова, синот Илија Џонов и членовите на семејството Џонови.

Реконструкција на локален пат Л603 од Стојаково до Ѓавото

Врз основа на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој за 2021 и 2022 година, на 21.06.2021 година се склучи договор за реализација на проектот – „Реконструкција на локален пат Л603 од с.Стојаково до с.Ѓавото општина Богданци, фаза од км0+000 до км 1+010“.  Договорни страни се Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој застапуван од директорот Рамиз Реџепи од една страна и Општина Богданци  застапувана од Градоначалникот, Блаже Шапов.

Со проектот се планира ископ на постоечката коловозна конструкција со цел вградување на нова коловозна конструкција и изградба на соодветен одводен систем за одведување на атмосферските води. Со цел да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците ќе се изгрaди и тротоар од левата страна со ширина од 1,3м. За таа цел, доделени се средства во износ од 13.861.125 денари како учество на Бирото за регионален развој. Следува спроведување на постапка за јавна набавка за избор на најповолен понудувач.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |