Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Ученици од ООУ „Петар Мусев“ во работна посета на Градоначалникот

На ден 10.05 и 11.05.2022 година, третоодделенците од ООУ ,, Петар Мусев“, беа во работна посета на градоначалникот на Општина Богданци. Тие одблизу и преку директна комуникација се запознаа со начинот на функционирање на локалната самоуправа.

Поставувајќи му прашања, децата научија кои се надлежностите на Општината, со кои проблеми се соочува Градоначалникот и како ги решава истите. Учениците беа информирани за работата на градоначалникот и советот на општината каде на непосреден начин се решаваат проблемите на граѓаните. На овој начин, основците од ова училиште, слушнаа како функционира една општина, што како наставна содржина го изучуваат по предметот ,,Општество’’. Оваа средба ја искористија како можност да ги искажат своите желби и предлози за проекти кои им се потребни во иднина.

Известување за пријавување за субвенции

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Подрачна единица Гевгелија ги известува земјоделските производители од Општините Гевгелија, Богданци и Дојран дека започна пријавувањето за субвенции за 2022 година и ќе трае до 31.05.2022.

Пријавувањето се одвива во МЗШВ – Подрачна единица Гевгелија.

Одбележан 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот

Денес на глобално ниво се одбележува Денот на победата над фашизмот. Со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, на 9 мај 1945 година беше ставен крај на Втората светска војна.

Денот на Европа или Денот на победа против фашизмот, 9-ти Мај е ден кога се одбележува европскиот идентитет и заложбата за заедништво на сите народи на стариот континент.

По тој повод Градоначалникот на општина Богданци – Блаже Шапов, локалната самоуправа, ученици од СОУ „Богданци“ и ООУ „Петар Мусев“ заедно со Директорот и поддржувачите на делото на борците и членови на Општинското Здружение на Пензионери им оддадоа почит на народните херои и паднатите борци со положување свежо цвеќе пред бистите во Градскиот парк во Богданци.

Подвигот на борците кои ги дале своите животи на олтарот на победата над фашизмот никогаш нема да се заборави.Слава им!

ЧЕСТВУВАЊЕ НА СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ГЕОРГИЈ – ЗАШТИТНИКОТ НА СЕЛЕМЛИ

Денес се празнува Ѓурѓовден, празник во чест на Свети великомаченик Георгиј Победоносец, празникот на обновувањето на природата и на животот воопшто.

На 6-ти мај жителите на Селемли традиционално секоја година го прославуваат Ѓурѓовден, заштитник на ова населено место. Им посакувам на сите граѓани овој голем и важен ден за нив да го поминат во добро здравје и убаво расположение.

Честит панаѓур!

Честит Рамазан Бајрам

На верниците од исламската вероисповед им посакувам овој празник да го прослават во радост и среќа, со топли чувства кои ќе го исполнат семејниот дом. Ваквите големи празници отсекогаш биле прилика за изразување на взаемна почит и пријателство помеѓу луѓето.

 Нека Ви е честит светиот празник Рамазан Бајрам!

Честит први Мај, меѓународниот ден на трудот

Почитувани сограѓани,

Ви го честитам 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој ден отсекогаш бил симбол на борбата за работничките права и на изразувањето работничка солидарност.

Секогаш бидете горди и посветени на она што го работите, бидејќи трудот и посветеноста се најголеми вредности и двигатели на иднината.

Ви посакувам многу здравје и убави празнични денови со најблиските.

Нека ни е честит Празникот на трудот!

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија на ден 28.04.2022

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно добиените податоци од ЕВН Македонија, на ден 28.04.2022 година (четврток) во периодот од 09.00 до 14.00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од Богданци околу Полициската зграда и Централниот дел околу општината како и фирмата Рапид Гас, Магазините на АРМ во Дубрава и пумпите Водовод Дубрава.

Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија

Почитувани,

Ве известуваме дека поради интервенции на трафостаница кај правното лице Туран Иван Дооел во Богданци, утре (27.04.2022) во периодот од 07.00 до 12.00 часот без снабдување со електрична енергија ќе остане поголем дел од Богданци, односно истиот реон кој без електрична енергија остана на ден 15.04.2022 година поради кражба на бакарни шини на истата  трафостаница.

Се надеваме на разбирање.

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |