Sağlık Sigortası Ankara| sanal ofis ankara sanal ofis ankara sanal ofis ankara ankara hasta bakıcı sanal ofis ankara sanal ofis ankara

Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 ми април

Владата на РСМ, на 66 седница, донесе одлука со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19, кои беа со важност до 20 април 2021 година (вторник), да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник).

Продолжува да важи забрана за посетители-гости во сите угостителски објекти (кафетерии, ресторани, барови, клубови) и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, како и во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување) или на бензинските станици, а оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна, можат да остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн или телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт).

Продолжува да важи и забраната за посетители, гости во сите обложувалници, односно приемот на посетителите и работата на обложувалниците да биде овозможено исклучиво преку вршење на шалтерска услуга (шалтер, штанд, пулт), односно угостителскиот објект/дел во обложувалниците, како и во казината, да биде затворен за посетители.

Продолжуваат да важат дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби. Остануваат да важат дозволите за движење на регистрираните земјоделци, евидентирани во Подрачните единици на Министерството за внатрешни работи и на нерегистрираните земјоделци/сточари на кои им се издадени дозволи за движење од Општинскиот кризен штаб за извршување на работните обврски во атарот (местото на живеење) исклучиво за извршување на работните обврски.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ СУБВЕНЦИИ

– МЗШВ ПОДРАЧНА ЕДИНИЦА ГЕВГЕЛИЈА ГИ ИЗВЕСТУВА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ ОД ОПШТИНИТЕ ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ И ДОЈРАН ДЕКА ЗАПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА 2021 ГОД. И ЌЕ ТРАЕ ДО 31.05.2021 ГОД.

– ПРИЈАВУВАЊЕТО СЕ ОДВИВА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА МЗШВ ПОДРАЧНА ЕДИНИЦА ГЕВГЕЛИЈА.

– ПРИ ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊАТА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ НОСИ ЗАШТИТНА ОПРЕМА.

                                                                                            

Започнува третирањето против ларвицидни и возрасни комарци во општините од Југоисточниот плански регион

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот започнува со активности за третирање против ларвицидна и возрасна форма на комарци по земјен пат. Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион дека првото ларвицидно прскање ќе се изврши во период од 20 до 22 Април 2021 година, со следниот распоред:

  1. На 20.04.2021 година (Вторник), во период од 09 до 16 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.
  2. На 21.04.2021 година (Среда), во период од 09 до 16 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
  3. На 22.04.2021 година (Четврток), во период од 09 до 16 часот во општините Радовиш и Конче.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

За идните генерации

Во пресрет на 22 април-Светски ден на планетата Земја ,Општина Богданци во соработка со ЈП„Комунална чистота“ Богданци, со почитување на мерките за заштита организираа акција за садење на 86 садници-дрвја, покрај пешачката патека (пат  :Богданци – с.Стојаково) . Поради пандемијата и мерките кои треба да ги почитуваме, акцијата  не беше објавена во јавноста.

Донесени нови рестриктивни мерки за заштита на јавното здравје, забрана за движење од 20.00 до 05.00 часот

На 63-та редовна седница, по предлог наКомисијата за заразни болести, Владата донесе дополнителни мерки за заштита на јавното здравје и заштита на сите граѓани на Република Северна Македонија, со цел намалување на бројот на новозаразени и намалување на оптоварувањето на здравствените работници, со цел успешно справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата.

Новите рестриктивни мерки се однесуваат на:

– Продолжување на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија во временски период од 20:00 до 5:00 часот наредниот ден почнувајќи од 6 април (вторник) до 20 април 2021 година.

За време на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраење од еден час, почнувајќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат. На граѓаните, кои извршиле имунизација/вакцинација во центрите за вакцинација, во временски период непосредно пред започнување на забраната и посебниот режим на движење им се дозволува враќање до своето живеалиште/престојувалиште врз основа на потврдата за извршена вакцинација.

– Целосна забрана за посетители-гости во сите угостителски објекти (кафетерии, ресторани, барови, клубови) и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, како и во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување) или на бензинските станици, а оние угостителски објекти, кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн или телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт) почнувајќи од 7 април 2021 година, (среда) до 20 април 2021 година.

Исклучок од ова се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување).

– Целосна забрана за посетители, гости во сите обложувалници, односно приемот на посетителите и работата на обложувалниците да биде овозможено исклучиво преку вршење на шалтерска услуга (шалтер, штанд, пулт) односно угостителскиот објект/дел во обложувалниците, како и во казината, да биде затворен за посетители, почнувајќи од 7 април 2021 година (среда) до 20 април 2021 година.

Целосна забрана за посетители-гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање почнувајќи од 6.4.2021 година (вторник) до 20 април.

– Се забранува организирање, одржување и присуство/учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип, од 6.4 до 20.4.2021 година.

На седницата беше прифатено и укажувањето на Главниот кризен штаб за потребата од стриктно почитување на забраната за собирање во групи и групирања на повеќе од четири лица на јавен простор, паркови или која било површина на отворено. –   Ова важи на целата територија на државата секој ден во текот на седмицата.

Продолжуваат да важат дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби.

За земјоделците, остануваат истите правила за движење за време на полицискиот час. Ова се однесува на нивното движење за извршување на работните обврски во атарот (местото на живеење) исклучиво за извршување на работните обврски. Останува да важат дозволите за движење на регистрираните земјоделци, евидентирани во Подрачните единици на Министерството за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во работна посета на Општина Богданци

Во рамките на денешната посета на јужниот регион на државата од страна на Министерот за внатрешни работи на РСМ, Оливер Спасовски  се одржа и работна средба со Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов.  Средбата се одржа во кабинетот на Градоначалникот и на истата присуствуваа: Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, Државниот советник Митко Бојмацалиев, Помошникот министер Андријана Савеска,  Началникот на СВР Струмица Танчо Пројковски и Командирот на ПС Гевгелија Миле Ангелков. На средбата се разговараше за актуелните теми од безбедносен аспект и за идните планови за продлабочување на соработката на локалната самоуправа и полицијата.

Претстои реконструкција на кровот во ОУ ПЕТАР МУСЕВ во Богданци

Основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци ќе добие нов кров. Со средства од Владата, преку проектот на Министерството за образование и наука „Реконструкција на училишни објекти“, планирана е санација на кровот за што е објавен јавен оглас на Електронскиот систем за јавни набавки.

Според предмерот на проектот, планирани се подготвителни, изолаторски, покривачки, лимарски, ѕидарски и други работи. Изведувачот треба да ја отстрани лимената и азбесна кровна покривка и да изврши нејзина замена со кровен покривач панел, а создадениот отпад да го депонира во депонијата Дрисла во Скопје, на начин определен со актуелната законска регулатива.

Со реновираниот кров ќе се оневозможи понатамошно пропаѓање на целата кровна конструкција, а со тоа и запирање на понатамошното оштетување на плафонот и на ѕидовите. Сето ова ќе предизвика и зголемување на безбедноста на учениците и вработените во училиштето. Истовремено ќе се заштедат средства  за повремена континуирана поправка на оштетените делови, од што може да се заклучи дека проектот претставува еден вид ефикасен инструмент за постигнување на значителни заштеди (и финансиски и енергетски).

Крајниот рок за доставување понуди за јавната набавка за реконструкција на кровот во ОУ „Петар Мусев“ е до 26.03.2021 година, 13.30 часот.

Огласот и целокупната документација во врска со истиот се достапни на следниот линк

Објавен дополнителен јавен конкурс за ангажирање реонски попишувачи и реонски инструктори

Почитувани,

Ве известуваме дека од страна на Државниот завод за статистика на 17.03.2021 година објавен е дополнителен трет јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во периодот од 01.-21.04.2021 година.

Целиот текст на конкурсот во кој се наведени условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите и начинот на аплицирање е достапен на следниот линк .

ankara travesti Partnerler | ankara travesti modelleri | istanbul travesti Magazin | istanbul travesti Magazin |